Top

Последниот чај

Спакувај се и замини! Каде? Што е можно подалеку. Зошто? За да дознаеш. Што? Не прашувај. Одважи се и тргни! Можеш ли!? Ако може жената од Последниот чај можеш и ти!Препушти ѝ се да те одведе…….до самиот себе!!!!!!!

Како топол утрински чај, романот на Винка Саздова, повикува на будење, расонување од она што нараторот не е, и свесност за она што е, она што се Саздова, што се ликовите во романот, што е читателот…

Последниот чај“ е спокојна приказна за копнежите по спокојството.Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.

Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време.

Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита.

Чајот како метафора на животот, како оние миниметафори на дневникот, книгата, но најмногу чајот… оној за кој е сеедно од што е… едноставно е чај… билки и топла вода… И, кога еднаш очите на вистината ќе погледнат преку очите на родителот, преку текстот, останува само таа, вистината, вистината за љубовта, вистината за самата вистина.

Сочувствителен. Љубовен. Нежен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покажувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.

Статијата ја напиша: Ана | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *