Top

Порака во шише

Дали мислите дека ако оваа книга не беше нешто посебно фамозниот Кевин Костнер ќе се согласеше да глуми во филмот направен по оваа книга?! Па секако дека не, нормално.

Цела оваа приказна, оваа книга е ФЕНОМЕНАЛНА, исклучителна, една во милион, уникатна… Нема да пропуштам да спомнам дека автор е Николас Спаркс што исто така треба да Ви значи многу на сите Вас кои сте негови љубители.

Оваа книга е малку постара, искрено се сомневам дека сеуште може да се најде во нашите книжари со наш превод, но побарајте ја со било каков превод. Ако не ја најдете, барајте по пријатели, прашувајте, копајте, најдете начин да ја најдете оваа книга.

Не знам зошто ама Николас обожава да не расплакува. Книгава ја прочитав во еден ден.

Во кратки црти, станува збор за една девојка, жена во своите рани 30-ти години која додека е на одмор ќе најде на брегот едно писмо кое е затворено во шише. Брановите го исфрлиле шишето кое пловело низ океанот. Таа го чита писмото и сфаќа дека е напишано од страна на некој маж. Но тоа едноставно изгледа како да не е можно да го напишал маж…

Емоциите кои ги содржи, речениците кои се напишани, сето тоа звучи толку добро, што таа едноставно не може да поверува дека таков маж може да постои на светот. Чини дека се заљубила во него преку самото писмо, иако не го познава… Тогаш одлучува дека мора да го најде, едноставно мора да го запознае човекот кој го напишал тоа писмо.

Но таа не знае кога е писмото напишано, не знае колку време истото пловело низ океанот. Можеби е старо десетици години, можеби тој е веќе старец или уште полошо, мртов. Не знае како се вика, каде се наоѓа, не знае ништо за него, но сепак ја започнува својата потрага.

Чудно е како судбината наоѓа начини за да ја заврши својата мисија… Нема да ви откривам повеќе ниту збор, ќе дознаете самите.

Седев во мојата соба на кревет, на моменти сама си се смеев кога ги читав убавите делови, на моменти почнував да плачам и не можев да продолжам со читање зошто ме печеа очите. Знам само дека кога завршив со читање и ја оставив, ми беше тешко, си реков зошто мораше да заврши. И би ја читала пак, за некоја година кога ќе подзаборавам барем малку што се случува, затоа што оваа приказна е навистина исклучителна.

Ја препорачувам на сите кои го сакаат Спаркс, на сите кои сакаат романтични книги и воопшто на сите кои сакаат добра книга…

Статијата ја напиша: Ивана Николовска | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




7 Коментари

  • kiki вели:

    od kade tocno da ja najdam knigava? :)

  • ofelija grozdanovska вели:

    Sum ja procitala knigata i navistina sum zadovolna sto procitav uste edna dobra kniga.Ljubovta od strana na eden maz e navistina prekumerna so toa sto toj i pisuva na zena koja ne go poznava.,no sepak ljubovta na krajot ke pobedi.Vo pravo se koga velat deka mazite poveke sakaat od zenite,Toa se dokaza i vo ovaa kniga.Nikolas Sparks e pisatel koi pisuva so takov dobar stil koj ne mozat da go ostavat covek ravnodusen.Sum procitala i mnogu drugi knigi od nego i navistina sum voodusevena .Preporacuvam da ja procitate…….ne ke zazalite…

  • Маријана Барбарова вели:

    Навистина прекрасна книга, ја имам прочитано и им ја препорачувам на сите што се љубители на убаво пишаниот збор :)

  • Alma Hasanova вели:

    Najubavata kniga sto ja imam procitano vo mojot zivot -prosto neverovatna prikazna i im ja preporacuvam na site da ja procitat

  • Tince Bedzovska вели:

    Ednostavno PREKRASNA! Ja preporacuvam sekoj sto veruva vo ljubovta da ja procita!

  • Ivana Dzekovska (: вели:

    Nikolas Sparks i se e mozhno :))
    Site knigi mu se prekrasne navistina :))

  • branka kusivanova вели:

    KNIGATA JA NEMAM PROCITANO NO FILMOT GO IMAMA GLEDANO, PREKRASEN FILM ,SO MNOGU EMOCII NA STRADNJA NA EDNA RANETA DUSA ,RAGANJETO NA NOVA LJUBOV ,EDNOSTAVNO PREKRASWEN FILM .

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *