Top

Половина жолто сонце

Уште една прекрасна книга која секако не смее да биде изоставена од списокот на MUST READ BOOKS! Половина жолто сонце е роман на познатата нигериска писателка Чимаманда Нгози Адичи.

Насловот доаѓа од знамето на Бијафра – регион кој се обиде да стекне независност од Нигерија (војната траеше од јули 1967 до јануари 1970).

Во оваа книга секој лик си има своја сопствена трагедија… На најреалистичен начин е прикажано злото што го носи војната: бегалци, кампови, сиромаштија, глад, силувања, злоба, корупција… Зградите се срушени, политичарите се убивани, бунтот е во воздухот… па сепак ќе ја засакате Нигерија!

Оваа книга ќе ве натера поинаку да гледате на среќата и да го цените секој миг од животот, ќе ви ги отвори очите за злото што се случува во светот (најмногу во Африка), а кое е прикривано од страна на меѓународната заедница и медиумите.

Пред некое време повторно избувна конфликт меѓу муслиманите и христијаните во Нигерија, што го прави овој роман сè уште актуелен.

„Co стравопочит и завист ја гледам оваа млада жена од Африка, која го бележи историјатот на својата земја. Таа е среќна – а уште посреќни сме ние, нејзините читатели.“

Статијата ја напиша: Наташа
Извор: sakamknigi.mk




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>