Top
Goran_Stefanovski

ИН МЕМОРИАМ: Почина драматургот Горан Стефановски

Почина Горан Стефановски, еден од најпознатите македонски драмски автори. Тој почина на возраст од 66 години, по кратко и тешко боледување. Стефановски престојуваше во Велика Британија, од каде што вчера пристигна веста за неговата смрт.

Стефановски завршил Филолошки факултет во Скопје, англиски јазик и книжевност. Студирал драматургија на театарската академија на Универзитетот во Белград каде што и магистрирал. Тој работел во драмската редакција на Телевизија Скопје, а потоа како асистент на скопскиот Филолошки факултет. Од 1986 година е професор по драматургија на Факултетот за драмска уметност во Скопје. Стефановски бил член на Македонскиот ПЕН центар, на Друштвото на писатели на Македонија од 1979 година, а од 2004 година бил член и на МАНУ.

Драмите на Стефановски имаат нешто заедничко: преку трагедијата на едно семејство, Стефановски ни ја предава историјата на македонскиот народ, со сите свои болки и рани, со социјалните неправди, политичките разијдувања, стремежот за подобро утре. Во неговите драми се издвојуваат три вида на ликови:

Стефановски е добитник на наградите „Стале Попов“, „11 Октомври“, двапати на „Стериинта награда“, потоа шестпати ја добил наградата „Војдан Чернодрински“.

Големиот Стефановски зад себе остави богато творештво на драми, радио драми, филмови, тв серии меѓу кои „Јане Задрогаз“, „Чиракот Шекспир“ , „Томе од бензиската пумпа“, „Диво месо“, „Лет во место“, „ХИ-ФИ“, „Дупло дно“, „Тетовирани души“, „Бушава азбука“, „Кула вавилонска“, „Чернодрински се враќа дома“, „Демонот од Дебар Маало“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>