Top

Папата Јована

Кога се зборува за оваа книга, вообичаено се вели дека ако сте жена, мора да ја прочитате. Можеби оние кои се чувствуваат послаби во однос на мажите, ќе стекнат самодоверба откако ќе ја прочитаат, бидејќи станува збор за жена, која живее во период кога жените им се подредени на мажите, немаат право на школување и дури раѓањето на женско дете е на еден начин губиток.

Е токму во ова време, таа успева да ја добие најпрестижната титула во светот. Титула која е најпочитувана, најпосакувана, на која сите се покоруваат. Титула која можете да ја поврзете со многу нешта, освен со именката жена.

Според мене, пораката овде не е само способноста, моќта на жената, нејзината рамноправност со мажот.

Не, оваа книга не е само за жени!

Ако ја споредам со “Lettera a un bambino mai nato” или било која книга на Oriana Fallaci, една од моите омилени писателки, напишала книги во кои јасно се гледаат нејзините феминистички ставови, слободно можам да кажам дека иако и оваа книга е напишана од жена, не е феминистичка.

Оваа книга е за жени, мажи… за секој човек, како да успее во животот. Ништо не е невозможно. Потребна е упорност, амбиција, желба и преминување преку сите пречки. Големите луѓе не чекаат поволна шанса, тие ја создаваат. Секогаш има начин кога човек знае што сака. И да постојат нешта кои не можат да се променат, мора некако да се издржат.

Човек што е осуден да се стреми кон нешто што не може да го има, за себе ги избира најстрмните и најтешките патеки, но сепак стигнува до целта. А Јована и фактот што е женско во раниот среден век е само симболика и претстава за пречките за нејзин успех и претстава како невозможното станува возможно.

Статијата ја напиша: Симона Давкова
Извор: sakamknigi.mk




3 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>