Top

Која е таа девојка?

Драги вљубеници во книгите, дали понекогаш сте се запрашале кога ги гледате сликите од минатото што искрено чуствуваме, носталгија за младоста  или едноставно се велиме себе си лелел Господи, дали навистина изгледав така и го носев тоа, мене барем најсвежо сеќавање ми е за матурата ех, да не ги облечев тие штиклите немаше да паднам и едноставно на секоја слика да гледам џигеросаната нога, па после си мислев нели објективот на камерата можеше да фати нешто друо освен тоа или да не ја ишишав косата кратко можеби немаше да ме одбие момчето …. но, откако ќе ја прочитате Која е таа девојка? можеби уште еднаш ќе размислите пред да си одговорите на тоа прашање.

Нашата хероина Шарлот има 30 години, води успешна компанија за односи со јавноста има совршено момче и едноставно ќе си речите па нели, ова е идиличен живот?! Но, покрај тоа таа е алергична скоро на сѐ, многу често од пренатрупаноста на својот распоред заборава на роденденот на својот татко и има обичај за секоја мала работа да ја преувеличи и едноставно верувајте или не „успешно “ си поставува дијагнози и тоа само споредувајќи ги симптомите благодарение на ИНТЕРНЕТОТ.

Еден ден таа возејќи се кон работа, ја забележува својата поранешна ‘рѓосана „буба“ и 100%  е уверена дека таа е нејзината „буба“ која ја возела кога имала 21 година. И девојката која излегува од неа е всушност многу позната. Решава да ја следи и заклучува дека живее на истата поранешна адреса и во истата куќа.

Ова дефинитивно е премногу голема коинциденција?! Нели…. Но, зошто е толку позната? Спремни сте за ударната вест па, да тоа е самата Шарлот.

Дали таа сонува? Дали ова е патување низ времето? Тоа ќе ви го открие драги, самата Шарлот низ страниците на Која е таа девојка?

Вљубеници на chic lit, доколку уживавте во книгите на Александра Потер а сигурна сум дека одговорот е ДА, дефинитовно ќе уживате во оваа ново остварување на Александра Потер. Уживајте, изостерете ги сетилата и потоа дојдете да дадете коментар на статијата и споделете ги вашите импресии, без разлика какви и да се…..

П.С. Благодарам Александра Потер! Едноставно ме изненадува како го забележува и најмалиот детал на секојдневниот живот. Дефиниитвно сум голем фан на chic lit и пред сѐ на Александра Потер.

Статијата ја напиша: Александра Манева | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




3 Коментари

Реплицирајте му на Ивана Нетороска Откажете ја репликата

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *