Top

Подарок книга: ИГРИТЕ НА ГЛАДНИТЕ

Сакав добар трилер, сакав да прочитам нешто толку добро што ќе ме измести, сакав нешто што ќе ми покаже дека не се сите трилери слични, дека не сите приказни наликуваат една на друга. Па од таа желба го почнав патувањето по светските интернет портали. Рејтинзи, мислења на читатели, филмувани книги, што препорачуваат луѓето. Игрите на гладните, 102 недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери, најчитана книга во моментов во светот според 5 светски портали за книги со над 300.000 членови, книга на годината според 40 различни весници, договор за филм следната година, опсесија на секој млад човек во светот, повеќе од 100 фан клубови основани на интернет за да се спојат љубителите, критика од Стивен Кинг дека не можел да ја остави, од Стефани Мајер дека ја носела со себе на вечери…

Си велам, ова е некоја преценета американска работа, но можно ли е да е до толку? Што толку посебно има во неа? Каква треба да е таа книга која ќе успее да го постигне ова? Ивана, ќе ја прочиташ, си мислам, па после ќе видиме дали се сите овие информации оправдани и точни. Дали се точни? 360 страни тресење од неизвесност, 360 страни читање со болка во градите, 360 страни возење како со некој смртоносно брз авион затоа што токму таков е стилот на авторката, липање како мало дете, ежење на кожата како да сум на -30 степени гола… Ова е книга која ги промени моите критериуми за тоа што значи добар трилер!

…во руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад. Не е дека не се обиделе да се спасат од одвратноста на Капитол. Во минатото тие кренале востание, но Капитол ги поразил и го уништил 13тиот реон кој тогаш постоел за да им покаже што ги очекува ако уште еднаш се обидат да се бунтуваат. Од тогаш, работите се само полоши.

Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваат Игрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години – наречени трибути и се испраќаат во Капитол. Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан… а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија. За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.

Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е… ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени. Затоа… се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.

Таа е храбра, таа е ловец, таа знае што значи да умираш од глад, таа е посилна од Прим, но исто така е свесна дека си припишува смртна казна. Дали е исто да убиваш животни во шумата од глад и да убиваш луѓе за живот? Дали е важно да останеш човек повеќе отколку што е важно да останеш жив? Токму тоа е единственото правило во арената – ОСТАНИ ЖИВ!

Ако сака да победи, Кетнис ќе мора преживувањето да го стави пред човечноста и животот да го стави пред љубовта.

Бура од гнев, тага, адреналин, бес, солзи… ќе се соберат во вас додека ја читате оваа книга. И да, ќе барате уште, ќе гребете со канџи за уште, исто како што и тие гребат за да преживеат. Она што мене лично најмногу ми се допадна кај оваа книга – завршувањето на секоја глава. Секоја глава завршува со една реченица која прави пресврт во книгата и од која ви се креваат влакненцата по целото тело, мислите дека ќе излезете од сопствената кожа!

Нема сомневање дека популарноста на оваа книга е доволна за таа да се филмува па токму поради тоа очекувајте го излегувањето на филмот во март 2012. Јас знам дека ќе го чекам со душа! Не можев да престанам да ја читам! – Стивен Кинг

Толку бев опседната со оваа книга што морав да ја носам со мене на вечера и да ја кријам под работ на масата за да не престанам да ја читам. Сега веќе ја препорачувам и на тотални странци. Игрите на гладните се неверојатни! – Стефани Мајер

Издавачката куќа САКАМ КНИГИ ќе награди две/двајца од вас со нивното најново издание. Вашето име и презиме оставете го во панелот за коментари (на крајот од оваа статија). Среќно!! : )

 

Добитници на книгата се Јасна Милкич  и Мери Бошкоска. Наградата може да си ја подигнете во Спаива(ул.Водњанска, под ресторанот “Галија”) од понеделник до петок (10-19h) или сабота (10-15h).
При подигнувањето на книгата доволно е да кажете дека сте добитници на книгата “ИГРИТЕ  НА ГЛАДНИТЕ” преку iLike.mk.
И да.. очекуваме да споделите со нас како Ви се допаднала книгата ;)

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




270 Коментари

Напиши одговор на Emilija Najdova Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>