Top

Гол човек – Игор Џамбазов

Оваа книга е автобиографија на познатиот македонски шоумен Игор Џамбазов. Тој пишува за неговиот контраверзен живот, проблемите со коцкањето, заедничкиот живот и разводот со Искра…. Во неговата животна приказна се среќаваат и ликови кои се јавни личности. Кога тие би биле напишани со нивните имиња и презимиња, Игор би се соочил со многу тужби, клевети и бурни реакции, па затоа за несреќа на нашата љубопитност најмногу што можеме да добиеме се нивните псевдоними и останува на Вас да погодувате за кој би можело да се работи.

Книгата не е пишувана според некои правила, а тоа тој го нагласува уште на почетокот, дека ќе наиде на многу критики заради ваквиот начин на пишување, па често се среќаваме со стихови, кои ни се познати од веќе претходно напишани негови песни.

Искрено мислам дека книгата не е којзнае што, бидејќи има моменти кои се опишани толку детално, како на пример колку пари потрошил за такси и некои други детали, а оние настани кои најмногу ги интересираат читателите, се само нафрлени, прескокнати, а се доста значајни во неговиот живот. Но сепак, треба да се прочита, особено добра идеја е да се подари на некој кој има проблеми со коцкањето, било да е во почетна фаза или пак веќе длабоко навлезен. Игор самиот пишува дека може да има совршен живот, нагласува дека има сè за да биде среќен, но сепак е слаб, сепак подлегнува на коцката, се уништува самиот себеси, се крие и се срами, затоа што должи на многу луѓе.

Влегува во многу проблеми, навечер оди во казино, каде откако ќе се прокоцка, се плаши од она што следи, се плаши од утре, но секогаш заспива со мислата дека утре е дури утре. И за крај би сакала да кажам за она што мене ми остави најголем впечаток, а тоа се сликите во книгата и на самата корица. На предната страна од корицата, Игор изгледа како пештерски човек, со долга коса и брада. Потоа низ страниците на книгата, постепено како открива повеќе детали за себе, се разголува и ја бричи брадата и истовремено ја скратува косата, за да на крај, на задниот дел од корицата, тој е целосно разголен, без брада и со скратена коса.

Така “гол човек” е симбол и за неговиот живот, губењето на сите скапоцености, но и симбол за книгава која на еден начин го разголува и ја открива неговата приватност.

Статијата ја напиша: ayla
Извор: sakamknigi.mk




13 Коментари

Напиши одговор на Baze Angelkovski Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>