Top

Го сакам Холивуд

Па… верувам дека најпрвото прашање кое треба да го поставам е: Дали ја прочитавте Го сакам Њујорк? Ако сте ја прочитале Го сакам Њујорк тоа значи дека веќе сте запознаени со почетокот од авантурата на оваа одлепена девојка. Но не грижете се, дури и ако не сте ја прочитале – Линдзи убаво нè внесува во приказната и ќе се чувствувате како да сте со неа од самиот почеток.

Па драги мои, приказната продолжува онаку каде што застана, односно Енџи е со преслаткиот, духовит рокер Алекс. Ни самата не може да поверува дека конечно се смирија и дека сега сè е одлично меѓу нив. Да, стравот дека нешто повторно ќе тргне на лошо е сè уште тука, но таа се обидува да не мисли на тоа…

Но, Анџела не би била Анџела доколку не се најде пред некои нови авантури, нели? Во првиот дел таа одлета од Лондон бидејќи го фати нејзиниот свршеник како ја изневерува, а сега на Анџела ѝ ја доделуваат најважната задача во списанието за кое работи. Токму ТАА треба да оди во Холивуд и да го интервјуира мега познатиот и супер талентираниот Џејмс Џејкобс кој меѓу другото е секс Бог пред кој жените буквално се онесвестуваат. Но чекајте, како, зошто јас, па јас сум само аматер?! Енџи е збунета… но токму затоа и ја бараат неа. Затоа што е аматер кој нема да биде доволно способен да ги извади неговите валкани тајни во списанието. И тоа самиот Џејмс Џејкобс ја бара неа, неговата сограѓанка Британка.

Збунета, и на два ума Анџела не знае што да направи. Дали да го викне Алекс со неа? А што ако го остави сам, што ако и тој ја изневери? Дали воопшто да оди во Холивуд? А што ако го зезне интервјуто и ја изгуби работата? Ако ја изгуби работата, ја губи и визата за Америка, го губи и Алекс… Но не е дека има некој голем избор, сакалa или не, таа мора да отиде. И што е толку посебен тој Џејмс Џејкобс, зошто би се тресела од него, па таа нема гледано дури ни еден негов филм! Да, така таа се теши, но само до оној момент додека не седне чисто информативно да изгледа еден филм со Џејмс. А тогаш? Тогаш таа престанува да дише и цела ноќ не може да се одвои од телевизорот! Па тој е прекрасен! Темна коса, темно сини очи, идеално тело, совршена насмевка!

Но чекајте, тоа не е најинтересниот дел… најинтересниот дел почнува кога ќе почне и нивното интервју. Односно кога Џејмс ќе почне да флертува со Анџела. Па ИМАЈ МИЛОСТ ЏЕЈМСЕ – ТАА Е САМО ЧОВЕК! А како може еден обичен човек да одолее на СЕКС БОГ како него? И за да биде уште поинтересно, тука се верните пријатели на Џејмс – папараците. Да, па тие умеат да направат скандал и кога тој не постои па така поради нив Алекс ќе дочека да ја види својата девојка по насловни страни, во хотелот на Џејмс, обелечена само во бањарка.

Дали ова ќе биде крај меѓу Анџела и Алекс? Почеток меѓу Анџела и Џејмс? Или нешто сосема трето… оставам на вас да откриете, а во меѓувреме да се смеете на глас! Можам само да кажам дека второто продолжение е далеку подобро од првото и дека приказната дефинитивно завршува со ГОЛЕМО ИЗНЕНАДУВАЊЕ!

Како и до сега, iLike.mk во соработка со издавачката куќа САКАМ КНИГИ ќе ја додели “Го сакам Холивуд” како подарок на еден од вас. Подолу во панелот за коментари, покрај Вашето име и презиме, кажете ни кој е Вашиот омилен град и зошто? Најинтересниот коментар ќе биде награден. Среќно!!

Добитничка на книгата е Дијана Филимановска. Наградата може да си ја подигнете во Спаива (ул.Водњанска, под ресторанот “Галија”) од понеделник до петок (10-19h) или сабота (10-15h).
При подигнувањето на книгата доволно е да кажете дека сте добитничка на книгата “Го сакам Холивуд” преку iLike.mk.

Facebook FAN page




31 Коментари

  • Tea Bogdanoska вели:

    jas kako i site drugi koi go sakaat svojot roden grad,taka jas go sakam Gostivar bidejki toa e gradot vo koj porasnav. I pokraj toa sto zitelite se mnogu temperamentni,duri nekogas i nepodnoslivi,mislam deka esko bi se snasla da ziveam vo drug pogolem grad kade nikoj ne me poznava. Go sakam bidejki sekogas koa se setam mozam da go razgledam celiot do detali i toa po nekolku pati bez da se izmoram.Zarem treba da nabrojuvam uste pricini zosto go sakam mojot roden grad? Sekako deka ne,zaradi toa sto i bez da sakam toj e vecno vrezan vo moeto srce.

  • Kate Bogdanovska вели:

    Go sakam Skopje so seta svoja zbrkanost, so seta guzva i haoticnost. Bidejki vo sekoj del od nego imam po nekoj spomen od minatoto. I kade i da prosetas mozes da sretnes po nekoj poznanik, duri i koga ne treba :)))
    Go sakam Skopje, zasto Skopje e mojot omilen grad:)

  • Ana Crcarovska вели:

    Њујорк градот кој никогаш не спие!!
    Космополитски град кој го диктира темпото на модерниот живот,со немирен дух, креативна енергија,светски познати ресторани, врвни уметности и неверојатна архитектура..едноставно..ГО САКАМ ЊУЈОРК!! :))

    Ана Црцаровска

  • Ивана Џековска :) вели:

    Како може воопшто да се праша зошто ја сакам?! Пред се, самиот наслов примамува, а да не зборувам кога ќе се прочита кратката содржина. Едноставно нема кој не го сака Холивуд – град на глумата,на успехот, на филмот :)))) <3

  • Јана Митовска вели:

    Се разбира секој ќе рече:-Па кој не го сака својот роден град!
    Епа кај мене не е така.Секогаш,буквално секогаш јас им зборувам на моите другарки колку го сакам Њујорк ( New York).
    Њујорк е мојот омилен град за кој мечтаам.Сакам еден ден да отидам во Њујорк и да и се воодушевувам на убавината.Можеби оваа книга е совршена за мене и ќе ми биде драго ако ја имам во мојата домашна библиотека!А ако ја добијам везден ќе ја пре-прочитувам и ќе ја чувам!!!
    БИ САКАЛА ДА ЈА ИМАМ ОВАА КНИГА,А ОВАА КНИГА ЈА САКАМ КОЛКУ ШТО ГО САКАМ ЊУЈОРК!!!

  • Јана Митовска вели:

    Гоа сакам исто и Холивуд (Holly Wood).би сакала да ја имам и оваа книга во мојата домашна библиотека.А можеби еден ден и ке отпатувам во Холивуд.А ако отпатувам ќе го запознаам градот кој е на второ место на најомилено градови,по Њујорк.

    ЈА САКАМ ОВАА КНИГА И ГО САКАМ ХОЛИВУД!!!

  • Мартина Деспотовска вели:

    Сите градови се убави…Нема некој што би рекол дека постои само еден најубав на цел свет. Њу Јорк е многу убав град…а чуството да се посети Time Square на вечер, под сите тие рефлектори, билборди, реклами…неописливо, тоа ти е еден нов свет. Од таа ноќ, кога го видов Њу Јорк и Time Square…се заљубив :)

  • Симона Николовска вели:

    Мојот омилен град? Па,баш и нема да лажам дека е Холивуд,само заради насловот на книгава,иако не велам дека не е совршен…Искрено неможам да не го споменам Париз како омилен…Дај набројте ми барем еден човек што не би го откажал летот за во Холивуд,во замена за барем еднаш да се искачи на Ајфеловата? :) Самите луѓе те полнат со позитивна енергија,зрачат (барем на филмовите ) :) и сета таа убавина,да не ги спомнувам шопинзите,Триумфалната,а и Стад де Франс (сон на секое машко)..На второ место би дошол Рим, а на трето,кое во моментов ми делува најдостижно е оваа книга. Ви благодарам однапред :)

  • Frosina Spasevska вели:

    Moj omilen grad e New York i eve zosto:

    http://nymag.com/news/articles/reasonstoloveny/
    :)))))))))

  • Simona Perchinkova вели:

    Go sakam Pariz, zatoa sto e spored mene najubaviot grad,grad na svetlinata,grad na ubavinata. Zatoa shto e najubavoto mesto sto go imam videno <3

  • Delfina Teova вели:

    Go sakam sekoj grad ili mesto sto se naoga pokraj more. Zosto …. pa toa mi e edna golema i neispolneta zelba da ziveam vo blizina na moreto bez razlika dali e toa nekoj grad ili nekoe malo mesto.

  • Ива Китановска вели:

    … очигледно е повторно да потенцирам дека можеби неевидентно, мојот избор на книги секогаш се врзува за француски автор – почнувајќи од великанот Иго се до непредливиот Мисо!
    Значи, како да не го воздигнам Париз како мој единствен и омилен избор на град?
    Без да целам кон препознатливата Ајфелова, ќе се осврнам на готската мистика на Нотр Дам, елитната едноставност на левиот брег на Сена, мозаикот на убавина и стил на модната недела, уникатноста на Лувр, примамливоста на Pierre Hemme… да набројувам уште?
    ^^
    И искрено се надевам дека ќе имам прилика низ неколку наврати да го запознаам во сиот негов сјај и беда…

  • Atina Angelovska вели:

    Go sakam Skopje zaradi “SKOPJE 2014″,ziveat za i toa cudo da go vidam!!!A knigava ja sakam zaradi site ludirii i za da mozam da go sporedam Skopje&New York<3

  • marija andeva вели:

    Мојот омилен град е Лос Анџелес (англиски: Los Angeles), познат по скратеницата LA е град сместен со плажата на Тихи Океан, на југ на американската држава Калифорнија. Лос Анџелес е познат како еден од најважните културни и забавни центри. Во градот се наоѓаат многубројни училишта, здравствени и научни институции, театри и музеи. Како иден современ танчер својата кариера ја гледам токму во театрите на овој град. Освен танцот и најубавите театри во САД она сто исто така ме фасцинира е дека Лос Анџелес е центар на фимлската и телевизиската индустрија која е сместена во неговото преградие Холивуд, а со тоа е и важен центар на музичката сцена како и индустријата за авиони. Обозувам да летам со авион некако тоа е цувството кога единствено можам да ја почуствувам слободата, барем за миг. Го обозавам Лос Анџелес и живеам за моментот кога ке отидам таму!

  • Tanja Budimovska вели:

    hmmm … pa vaka .!
    Na mojata lista se naogaat London i Antalija. Zosto?
    preubavi plazi, najcista morska voda i najubavi zurki
    a London?
    se sto nekogas bi posakala da se naoga “okoliski” okolu mene (zaedno da bidam so deckoto pokraj mene ) :P

    • Ангела Дабевска вели:

      Во моето срце секогаш имало и ќе има само едн град каде сакам да живеам.Се разбира тоа е нашето Скопје.Но, секој од нас сака некој повеќе а некој помалку да види уште многу многу градови. Различен град значи различни луѓе различна култура различни стил…Верувам дека секој од нас би сакал да види многу нови работи.Да се нови значи да се интересни, а за кого не би било интересно да патува низ светот?Сепак кога би морала да бирам тоа би бил Дубаи.И веднаш чим ќе спомнам Дубаи веќе никој не би прашал зошто.А зашто и не би бил?
      Само замилете ја сликата на песочните најпознати светски плажи.насекаде се слуша музика а се гледаат насмеани лица.А замислите вие да се најдете токму таму.
      Се опуштате и лежите со коктел во својте раце или уживате во важата масажа на зајдисонце.Ако не ви е доволен окенот на кој ќе можете да пливате едрите и што ли уште не можете слободно да одите во некои од базените на најпрекрасните Хотели. Сте чуле за хотелот во вода? или за Абудаби? Не верувам дека не сте чуле за ротирачкиот хотел и хотелот со кружни дупки. Најново во топлото Дубаи е ски центарот.Таму може да се скиа на снегот.дали ви се верува?
      Ни мене на почетокот не ми се веруваше.сега кој не би сакал да оди во Дубаи? освен одморот за ичите гледајќи ја сета таа убавина во Дубаи можеш да си одмориш оставајќи ги пробемите дома.Замислете ја ноќта во Дубаи! овде зборовите ништо не врша работа затоа што тоа не може да се опише со зборови.Во такво место сигурно нема да има недостаток од убави момчиња зар не?замилете ги со нивните стомачни и газиња како шетаат покрај вас…
      Можеби ќе беше подобро ништо да не замислувате…
      Сепак тоа е моја само неостварена желба и нешто во срцето како да ми вели дека еден ден ќе са оствари. Останувам само да го чекам тој ден :)

  • Kamelijakrsteska вели:

    BARSELONA,BARSELONA…..Gaudi,Dali,Barsa…..se vrzano za Barselona…….ja obozavam

  • Силвана Величковска вели:

    Го сакам градот мој ,мил, зошто ми дава сигурност дека постојам.Го сакам затоа што ми дава сила да ги издржам налетите на судбината,затоа што ми помага да се радувам на секој нов, убав ден.Го сакам градот мој,мил,затоа што е зелен и цветен на пролет,насмеан и син во лето,златен во есен и чист и бел како кристал во зима.Го сакам градот мој,мил,кој ми дава сила да постојам во минатото,сегашноста и иднината!
    Го сакам градот мој кој и да е каде и да е!

  • Bosa Filipovic вели:

    Mojot Omilen grad e Barselona. Prijatni luge, ubava arhitektura, dobra hrana, prekrasna muzika, zgodni momci… I ne samo toa, tamu se odviva dejstvoto na edna od moite omilineni knigi “Senka na vetrot”. Moja najgolema zelba e da otidam povtorno tamu i da gi posetam site mesta kako likovite vo knigata koi sum gi propustila prviot pat.

  • Marija Joveska вели:

    Omilen grad mi e Holivud t.e HollyWood :) Toj vsusnost e oblast na Kalifornija kojasto mnooogu ja sakam. Mojot zivoten son e eden den da zacekoram po ,,Walk of Fame” (Bulevarot na slavnite) se dodeka gordo ne zastanam nad mojata dzvezda…
    Se nadevam deka mojot son ke se ostvori.
    NE se nadevam , tuku ZNAM bidejki dokolku ZELBATA ZA USPEH E DOVOLNO GOLEMA NEUSPEHOT NIKOGAS NEMA DA NE STIGNE…mojata e poveke od golema :)
    http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/2/2f/Walk-of-fame.jpg <3
    P.S – VERUVAJTE vo sebe :)

  • Anastasija Bureska вели:

    Go sakam Gostivar zatoa sto e takov kakov sto e!!! Moj i Najubav

  • Сара Лазаровска вели:

    Омилен град мене ми е Лондон. Не само што е светска метропола со деноноќна раздвиженост, Лондон е центар на културна разновидност, со богата историја, но и светла иднина. Иако многумина веруваат дека лондончаните се негостопримливи, тоа не е вистина – тие имаат огромни срца и навистина се грижат за другите. Сепак, тоа што е најважно за мене е моето друштво, кое е многѕбројно во Лондон. Особено би сакала да ги посетам мојата најдобра другарка Ashlee која живее во близина на Trafalgar Square и другарот Nik кој студира на University of London. И верувам дека еден ден мојот сон ќе се исполни и јас ќе се шетам по Piccadilly и Oxford Street со Ashlee и Nik под ѕвезденото лондонско небо.

  • Ana Angelova вели:

    aah go sakam Los Angeles?Zosto?Se slucuva sto ti dusa posaka. Imas se za filmot gi znaes najnovite premieri a mozes i slavna licnost na ulica da sretnes. Grad na svetskit modni slucuvanja. Sekoja nedela revii od koj dizajner sakas. Prodavnici os brendirani marki da se zalepis za izlog i cel den da im se nagleduvas. Gledav i sliki nesto ima i romanticna dusa, restorani na tivki mesta zelenilo a megu niv mesto za setanje :$.. Mirni kvartovi na gradot, mozes da ja vidis drugata strana na gradot, kade ziveat “oicnite luge” stari gradbi, izlupeni.. deca na patot si igraat. Divata strana na gradot aaaaaaw zurka cela nok, diskoteki, parti… a od filmovite utrata gi obozuvam :$$ stanes i na vrata vesnik dodeka doruckuvas go citas vesnikot sto ti go donelo momceto so velosiped izlezes nadvor drvjata mirisaat utroto e svezo( za prolet zboruvam) site te pozdravuvaat a pak vo zima otvoris prozorot nadvor deca angelcinja pravat i se mavaat so topki.. Ili pak ako si vo divata strana uste od utro soobrakaen metez svirkanje nervoza.. popladneto site se vrakaat doma nekoj vo soping nekoj na rucek , a pak vo saboti si sloboden pa ako ne si bogat otides vo onie kvartovi vo sendvicara ili picerija kupes i izlezes na porsetka nekogas vo park so velosipedi.. Ke sretnes ulicen pitak mu dades pola dolar.. znaci za milina tamu da zivees :))
    * jas padnav vo fantazija no sepak dadov se od sebe da ja dobijam knigata :)

  • Aleksandra Simovska вели:

    Ne sum razmisluvala za toa koj grad go sakamm najmnogu verojatno Skopje bidejki nikogash ne bi se preselila od nego.. Vo nego e se shto mi e potrebno- ljubov, prijateli…Mislam deka suvishno e da pishuvam ogromni referati..EDNOSTAVNO POSAKUVAAAAAAAM POVEKJE OD SE KNIGAVA DA DOJDE DO MOITE RACE i bi vi bila blagodarna od se srce dokolku ednash i jas bidam megju srekjnite trojca. Pozdrav!

  • Dijana Filimanovska вели:

    mmmmmm…….mojot omilen grad e se razbira Skopje, a ako me prashate zashto, togash…….za da mozam da vi ja dolovam vistinskata slika zoshto tokmu nego go obozuvam……..bi bila primorana da vi gi dadam moite rozovi ocila so koi Skopje go gledam niz mojata prizma……..no niv ljubomorno gi cuvam…isto kako shto ljubomorno go cuvam i nosam vo mojot duh moeto omileno Skopje.
    Nenznam kako poinaku bi ja opishala ljubovta kon ovoj grad na poinakov nacin, …………a da ne stavam premnogu zachin!!

  • Руменче Хаџикојчева вели:

    Секој град е убав на свој начин. Го сакам Лос Анџелес, познат по своите казина. Го сакам Њујорк, градот на модерниот живот. Го сакам Париз, познат по Ајфеловата Кула.. Го сакам Холивуд, познат по „филмското платно“. Го сакам Чикаго, со преубавата панорама. Не сум размислувала кој од сите нив би можела да издвојам, а и сувишно би било сега тоа да го правам. Сите пишуваме за едно: да станеме добитник на книагата. Сакам книги, поготово оние авантуристичките со вклучена романтика, и се разбира, среќен крај. Би сакала и би била најблагодарна да станам добитник на оваа книга!!!

  • Сара вели:

    Струга-моето градче. Малечко, потиснато меѓу дримот и езерото. Еден мал град, составен од два дела. Топло место, пријателски настроени луѓе, долги прошетки покрај кејот, ноќно капење на дрим. Оп, скок од мостот, пливање на сред езеро… Сончево попладне и трк до Евро, па после на кафе на Пливалиште. Зајдисонце на плажа, тоа полека си оди, како да нурка во езерото, а ти си ја пакуваш крпата и полека си одиш накај дома, иако уште ти се седи…
    Шеташ низ чаршија, одиш до мостот, па до средниот, ај и до кај пенине…и се враќаш полн со спомени и со позитивна енергија. Секое ново поминување низ паркот е ново доживување. Секој нов допир на водата како одново раѓање.
    И ај, не сакај ја, таа мала мила Струга…:)

  • Кристина Весковска вели:

    Хонг Конг е мојот омилен град.Не е важна големината на овој град.Важен е духот кој го има овој град.Тој зрачи со светлина,брзина,чуството дека нешто константно се случува и никогаш не е монотоно.Промената и адреналинот кој го носи овој град е незаменлив.Тука можеш секогаш да бидеш свој,да го правиш она во кое веруваш без страв дека некој од страна ке го критикува тоа.

  • Верче Јовческа вели:

    Го обожавам ЛОНДОН!
    Ја обожавам климата и дождот.И секогаш кога ќе затворам очи, замислувам голем стан во близина на Биг Бен, наместо ѕидови огромни бели прозори,седам покрај каминот, во рака ја држам ГО САКАМ ХОЛИВУД и го гледам дождот како врне и врне и врне…Се разбира, во доообро друштво… :)

  • Emilija Boskovic вели:

    mojot omilen grad e Rim gradot na istorijata….soprugot pred dve godini me pobara za zena pred Fontana di trevi:)))od toj moment toj e mojot grad….mojot grad na ljubovta….

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *