Top

Добра во кревет

Да, да, насловот звучи навистина интересно… претпоставувам подеднакво интересно и за машкиот и за женскиот пол. И гледам, јас веќе го имам вашето потполно внимание.

Замислете си го моментот кога сте биле исмевани… Замислете го моментот на вашето најголемо понижување…

Замисливте?

Па еве една новина за вас, верувајте тоа не е ниту половина од понижувањето кое го доживува таа… Cannie е во средните дваесетти години и е амбициозна девојка, релативно самостојна (читај – живее во стан под наем) и со модерни сфаќања.

Таа има невиден смисол за хумор, и разбирливо е секогаш посакувана во било кое друштво. И покрај фактот што е – сега следи клишето – ДЕБЕЛА. Сепак фактот дека е полничка (поприлично би рекла) е ништо во споредба со фактот дека потекнува од родители кои по долготрајна брачна агонија – конечно се разведуваат, а младата и, и онака несигурна Cannie станува уште понесигурна девојка.

Криејќи ја тагата во своите XXXXXL туники, таа е типична антихероина со повисоко ниво на холестерол во нејзината крв отколку самопочитување. Ох, верувајте ми… воопшто не би сакале да сте на нејзиното место. И токму кога некако го пребродува разводот на своите родители (иако сѐ уште сонува за идеално семејство и нивната слика над каминот во нејзината идеална куќа – која ја нема), таа дознава дека мајка ѝ станува лезбејка – па така ја губи и својата соба – бидејќи во неа се вселува новата партнерКА на мајка ѝ.

И како да сето ова не е доволно, еден ден открива статија во едно од попознатите списанија потпишано од нејзиниот (веќе 3 месеци) бивши дечко, кого таа го напушта по речиси 3 години врска. И замислете кога кретенот (извинете на мојот “француски”) во својата рубрика Добра во кревет ја обелоденува најдлабоката интима во нивната 3 годишна врска! И иако нејзиното име го крие во иницијалот С, сепак таа знае дека тој морон мисли на неа нарекувајќи ја Голема жена, а нивната врска – своевиден чин на храброст!

Да, тој си ја дава слободата на целиот свет да му каже како неговата некогашна девојка тежела повеќе од него!!! Шокирани сте? Но следат повеќе статии во неговата рубрика… сѝ поинтимни и поинтимни. А нашата Cannie нема да знае како да излезе на крај со него. Хмммм… и чудно, но таа како допрва да се вљубува во него. Се вљубува во овој идиот кој ја искористува нивната љубовна историја опишувајќи ги до најситни детали нејзините “женски адути”?

Следат уште многу многу забавни моменти, и интригантни детали во нивните односи. За жал, иако сакам – сепак не смеам да ви го откривам крајот. Но само ќе ви речам, прочитајте ја книгава – дефинитивно нема да зажалите. Смеејќи се на невољите на оваа несмасна и помалку изгубена девојка, ќе уживате во вaријациите на адреналинот и возбудата кај вас.

На моменти ќе ја жалите, на моменти ќе и се воодушевувате – сепак Cannie е лик кој нема да ве остави рамнодушни.

Статијата ја напиша: Ананда | Извор: sakamknigi.mk




3 Коментари

Напиши одговор на Lile Durdubakova Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>