Top

Девојката со тетоважа на змеј

Девојката со тетоважа на змеј позната и како Мажи кои мразат жени (оригиналниот наслов на шведски) е прва книга од трилогијата МИЛЕНИУМ на прерано починатиот шведски новинар и писател Стиг Ларсон.

Во центарот на дејствието е еден необичен истражувачки (детективски) пар – Микаил Блумквист и Лизбет Саландер.

Микаел Блумквист е уредник на списанието Милениум кога после една навидум сензационална вест е осуден за клевета и принуден да се повлече од новинарството, барем за кратко. Тој е понижен и разочаран поради неповолниот исход против моќниот, корумпиран индустријалец Венестром. Тогаш работите ќе добијат необичен заплет…

Сосем неочекувано Блумквист ќе добие телефонски повик од Хенрик Вангер, богат претседател на истоимената компанија.

Вангер ќе му вети нови информации на Блумквист во неговиот случај против Венестром а за возрат бара Блумквист да се обиде да го расветли 36 години стар случај околу исчезнувањето на тогаш 14 годишната Хериет Вангер, неговата многу сакана внука.

Како дополнителна помош во неговото истражување Блумквист ќе започне соработка со младата Лизбет Саландер, девојка со бурно минато, сосем кратка коса и тело покриено со тетоважи. Изглед кој не ветува дека Саландер е спремна да одговори на тешкиот предизвик. Но, како и секогаш, изгледот лаже.

Двајцата заедно почнуваат да копаат по минатото на семејството Вангер, и како што секогаш бива кога се копа доволно длабоко, откриваат работи за кои и не се сигурни дека би требало да се откријат. Или пак не…

Овој детективски трилер со елементи на мистерија, веќе 42 недели е на врвот на NewYork Times Bestsellers листата. Прочитајте го и откријте зошто е така и зошто јас лично верувам дека оригиналниот наслов е поприкладен отколку неговата англиска верзија.

Книгата веќе е екранизирана, а својата премиера филмот во САД ја доживеа на 19 март.

Статијата ја напиша: Марина Љубисављевиќ
Извор: sakamknigi.mk




2 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>