Top

Цитати од најпопуларните книги на Пауло Коељо

Пауло Коељо е бразилски писател, еден од најпознатите писатели во светот. Доколку сте обожавател на романи сигурно сте прочитале едно од неговите дела како што се “Брида”, “Единаесет минути”, “Вештицата од Портобело”, “Алхемичарот” или “Вероника реши да умре”. Неговите книги се преведени на повеќе од педесет јазици. Ние со вас споделуваме некои од неговите познати цитати.

Уживајте!

“Чекањето е болно. Заборавот е болен. Но, незнаењето е најлошо.”


“Сè што се слушува еднаш, никогаш нема да се случи повторно. Но, сè што се случува два пати, сигурно ќе се случи и трет пат.”


“Биди храбра. Преземај ризици. Ништо не може да го замени искуството.”


“Можеш да станеш слеп ако веруваш дека секој ден е ист. Секој ден е различен, секој ден има нови чуда. Само треба да обрнеш внимание на чудата.”


“Цел живот се сведува на чекањето на вистинскиот момент за да се делува.”


“Паметните се паметни бидејќи тие љубат. Будалите се будали бидејќи мислат дека ја разбираат љубовта.”


“Љубовта може да не вовлече во пеколот или во рајот, но секогаш не носи некаде.”


“Луѓето не сакаат да зборуваат за нивните приватни животи, но на интернет секогаш се поотворени.”


“Кога љубиме, секогаш се обидуваме да станеме подобри. Кога се обидуваме да станеме подобри отколку што сме, сè околу нас изгледа подобро.”


“Сè ми укажува на тоа дека донесувам лоши одлуки, но донесувањето одлуки е дел од животот. Што сака светот од мене? Дали сака да не преземам ризици, да се вратам од каде што дојдов бидејќи немав храброст да му кажам „да“ на животот?”


“Кога некој заминува, тоа значи дека некој друг пристигнува.”


“Љубова е бунтовничка сила. Кога се обидуваме да ја контролираме, не уништува. Кога се обидуваме да ја скриеме, не заробува. Кога се обидуваме да ја разбериме, не остава загубени и збунети.“


“Детето може да го научи возрасниот на три работи: да биде среќен без причина, секогаш да биде зафатен со нешто и да знае како да располага со можностите кои ги посакува.”


“Кога ќе го пронајдеш својот пат, не треба да се плашиш. Треба да имаш доволно храброст да правиш грешки. Разочарувањето, поразот и безнадежноста се работи дадени од Господ со цел да ни го покаже патот.”


“Ништо не е целосно грешно. Дури и застанатиот часовник е два пати точен во денот.”

Автор: IVY




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *