Top

Фати ме ако можеш (Catch me if you can)

Неверојатна вистинска приказна за најмладиот, најсмелиот и најбараниот светски измамник во историјата, Френк Абагнејл, кој правејќи ги своите измами во рок од пет гoдини заработил неверојатни два ипол милиони долари!!!

Тој е единствениот тинејџер, кој со неполни седумнаесет години стигнал на листата на најбарани лица на ФБИ, а неговиот основен мотив и двигател во животот била изреката – Што и да направи некој, друг може да го фалсификува!!!

Негова специјалност била правење на лажни чекови. Татко му и мајка му се разведуваат и тој е препуштен на самиот себе, на улицата и на измамничкиот живот…

Денес тој има заработено неколку милиони долари како банкарски консултант, советувајќи како да се спречи она што тој самиот успешно го правел и за кое бил во затвор!!!

Неверојатен роман кој нема да ве остави рамнодушни па ќе посакате дури и да го гледате филмот со неодоливиот Леонардо Ди Каприо!!!

Статијата ја напиша: Марија Арнаудовска | Извор: sakamknigi.mk




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *