Top

Англиско-македонска збирка Бескраен ум – Endless mind

Мудрите пораки во творечките светови на Ана Костовска

Во еден дел од времето испратена порака:

„Сé непрекинато се движи во еден круг. Тој круг се нарекува Круг на животот.“

Ова е само еден од мудрите врутоци, кои со своето ѕвонење, изразуваат сопствено препознавање низ кратките мудрости на младата Ана Костовска во англиско-македонската книга насловена Endless mind – Бескраен ум.
Авторката не води по патеки на чекори, мисли, копнежи, сништа и таги на човекот и неговото пронаоѓање. А Бескраен ум го заплискува спознанието и противречностите што се судруваат во длабочините на мислите. Тие бескрајности брануваат и силно допираат во моментите на сегашноста.
Не можејќи да ја запре бесконечноста, Костовска испишува далечен дофат на пламнатиот мисловен страв:

„Немој да се плашиш од сопствената мисла кога допира до непознати места за тебе.“

Оставена светлина на мугрите, попречување на течението на интимните бегства, недовршен разговор плисна како Анина мисла:

„Храброста е способност да се соочиш со работите од кои најмногу се плашиш.“

Далечни светови во блесок на зборот. Созвучја низ творечката порака сакајќи да се откријат творечките светови на Ана Костовска низ кои пробива обединувачка нишка, внатрешно јадро, наталожени имагинации, мисловни и емотивни сегменти и несомнено и фантазија. Тие го разоткриваат гласот на незадоволник, одавајќи ја мисловната тајна:

„Ако се чувствуваш дека можеш да го допреш небото верувај дека навистина го можеш тоа.“

Поетскиот релјеф во лирското руво на овие заносни мудрости бележи творечко подсоѕвездие каде провејува говор на времињата, незапирлива пулсација на космичкиот немир сплотени во магични кратки мудрости, длабоко осмислени. Симболика ткаена во впечатлив неспокој на пресоздавање и свртување кон она што е предодредено – украдениот миг на раздвижените времиња. Како во пораката:

„Мораш да знаеш каде сакаш да стигнеш за да го дознаеш и вистинскиот пат до таму.“

Книгата Бескраен ум на Ана Костовска нуди зрела и проверена поетска метафора, нешто што како порив избива од самото човечко битие за да се претвори во кратка песна или кратка мисла или цртичка на мудроста, барајќи ја смислата на своето постоење во секојдневните чекори наречени Живот. Младата авторка загрижена за човекот и општеството не може да се помири со минливоста на времето бидејќи не може да се сака тоа што не се познава.

Навестувајќи ја својата непомирливост со нештата, во сопствените мудри превривања, таа го бара своето обелоденување и допир со читателот. Сé се раѓа и сé се гаси истовремено, бидејќи „кога нешто завршува, секогаш нешто друго започнува“ истакнува писателката Ана Костовска на крајот на книгата, која иако претставува нејзина прва творечка рожба, отвора хоризонти на бескрајно талкање во мислите.

Автор на рецензијата: М-р Љерка Тот Наумова

А сега оставете ни коментар овде, кажете ни зошто сакате да ја добиете оваа збирка како подарок, а потоа iLike.mk и Ана Костовска на тројца од Вас ќе им ја подарат оваа збирка

Добитнички на збирката се: Најдовска Дијана, Ivanova Bojana,
Ivana Dzekovska
. Наградата може да си ја подигнете во бутикот „Стил“ кој се наоѓа во близина на Рамстор (спроти Тутунска банка).
При подигнувањето на книгата доволно е да кажете дека сте добитничка на книгата преку iLike.mk.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




13 Коментари

  • Sonja Stojmenova вели:

    Gorenapisanoto kratko obajnuvanje za knigata me zaintergira i bi sakala da ja dobijam ovaa kniga za da gi procitam site mudri poraki sto gi ima napisano pisatelkata Ana Kostovska.

  • Angela Stefanovska вели:

    Spored ovaa shto go procitav,mnogu mi se dopadna bi bila mnogu sreknja dodeka jas bidam eden od tie 3 dobitnici .

  • Најдовска Дијана вели:

    Малку се зборовите за да можат да го опишат Кругот на животот. Него го градат моментите…што ни крадат солзи, што ни одземаат глас, што ни ја рушат навиката за да донесат нешто ново и можеби неоткриено.
    Животот е серија од сосема природни и спонтани промени. Немојте да им се спротивставувате – тоа само гради тага.
    Нека реалноста биде реалност. Оставете се да тече напред, во правец кој самото ќе го одбере.
    Радувајте се на нештата онакви какви што се. Кога ќе сфатите дека ништо не Ви недостасува, тогаш целиот свет ви припаѓа Вам…
    Ова треба секој еден од нас да го има на ум, затоа што патот на себеоткривањето понекогаш знае и да боли….
    Прекрасна книга, исполнета со мисли и “задачи” кои треба да научите како правилно да ги применуваме за да се прочитаме самите себеси и да изградиме поблескаво утре…
    Ана, само успеси и понатаму и повторно да не наградиш со дел од твојата душа…

  • TeiChka вели:

    Prekrasnii se stvarno. Vaka cchitajkji gi nekako kolku i da sum pesimistichki raspolozhena se ispolnuvaa so nekoja chudna energijaa. bRavo stvarnoo

  • Ivanova Bojana вели:

    Mmmmm… Mislite vo minatoto ja otslikuvaat nasata segasnost…a segasnite , nasata idnina…………….Lugeto se vrtat neprestano vo krug i tapkaat vo mesto poradi stravot od toa da posakaat nesto i da go dobijat…A se e tolku ednostavno :))) samo treba da si ja privlecat srekata i ljubovta so toa sto bezuslovno ke si ja posakaat :D:D:D

  • Simona Perchinkova вели:

    Ljubitel sum na knigi,ednostavno bi sakala da ja imam taa moznost da ja dobijam ovaa kniga ***

  • Ivana Dzekovska (: вели:

    Premnogu mudri misli. Premnogu zaintrigirachka sodrzhina.

    ps.Sho vikate ednash srekjata i mene da mi se nasmee i da mi ja podarite knigava ? :DD

  • Ivana Manovska вели:

    Knigata e bogatstvo…spoj od mnogu misli koi ne vodat do realnosta !!!!

  • Olivera Jovevska вели:

    nikogas dosta od knigi, a pi sakala ovaa da ja dobijam na poklon……….
    Vi Blagodaram.

  • Ivana Dzekovska (: вели:

    Ajde pobrzoo kazhete koj ja dobivaa. Ne sum strplivaa. Ja sakaammmm :)))

  • Христина Кузманоска вели:

    Обожавател сум на книги кои се извор на мудрости,книги од кои може да се извлечат доста поуки…Поуки кои ни помагаат подобро и поедноставно да го продолжиме патешествието низ животониот пат.Имам колекција на книги со мудри мисли,цитати и сл.Добро би ми дошла и оваа книга.Навистина би ме израдувале доколку оваа книга се најде во мои раце.:D

  • Ивана Џековска :) вели:

    Nemozham da veruvam deka go chitaam moeto imeeeee :))) FALA NAJMNOGUUU !

  • Ivanova Bojana вели:

    yeeeeyy Fala :)))))))))

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *