Top

Англиско-македонска збирка “Бескраен поглед”

Авторката Ана Костовска веќе е позната на писателската сцена со нејзината англиско-македонска збирка “Бескраен ум” – “Endless mind“, во која отвора хоризонти на бескрајно талкање на мислите и украдениот миг на раздвижените времиња.



Новото книжевно јавување на Костовска насловено “Бескраен поглед” е англиско – македонска збирка на мисли (второ продолжение на Бескраен ум) проследено со немиот крик упатен кон осаменоста и отуѓеноста на современиот човек, опишан низ кратки мисли.

Станува збор за љубовта, уметноста, креативноста, соништата, пријателството, почитта и другите вистински вредности. Со еден збор “Бескраен поглед” исто како и првата збирка на авторката  ја поттикнува човечноста.

Во песните блика нијансираното доживување на кратки мисли кои содржат пораки за исклучително важните нешта во животот кои во основа ја претставуваат суштината на човековата егзистенција. Тие се проткаени со длабоко емоционално доживување на стварноста, на секојдневието доловено со надежта и големата верба, дека никогаш нема да исчезне убавината што особено го изразува во пораката:

“Имаме само еден живот за да сфатиме зошто сме го добиле.”

Поетскиот релјеф во литературното руво на овие заносни мудрости безежи творечко подсоѕвездие каде провејува говор на времињата, непрестаната пулсација на космичкиот немир сплотени во магичните кратки муддрости, длабоко обмислени. Симболиката ткаена во впечатлив неспокој на пресоздавање и свртување кон она што е предодредено – украдениот миг на раздвижените времиња.

Читајќи ги кратките пораки како да доаѓаме до едно ново оптимистичко прогледување упатено кон човештвото кон вербата на живеењето и човечното во човекот, кажувајќи го тоа со јасен стих кој упатува на согледба –човекот да истрајува и во маките и во радоста.

“Не е важно кој си, туку како се претставуваш.”

Авторката не води по патеките на чекори, мисли, копнежи, сништа и на човекот и неговото пронаоѓање. Ракописот “Бескраен поглед”, го заплискува спознанието и противречностите што се судруваат во длабочините на мислите. Тие бескрајности брануваат и силно допираат во длабочините на мислите, во моментите на сегашноста.Не можејќи да ја запре бесконечноста, Костовска испишува далечен дофат на пламнатиот мисловен крик:

“Не постои вистински момент, но сега е исто така момент.”

Оставената светлина на мугрите,попречување на течението на интимните бекства, недовршен разговор плисна како Анина мисла:

“Бесмислено е да ги обвинуваш другите за неостварениот сон, поради недостатокот на сознание дека единствената личност која што може да те спречи во тоа да направиш нешто си самиот ти.”

Далечните светови во блесок на зборот. Созвучја низ пораките сакаат да ги  откријат творечките светови на Ана Костовска низ пробивање на  обединувачка нишка, внатрешно јадро со наталожени имагинации. Тие го разоткриваат гласот на незадоволник, одавајќи ја мисловната тајна:

“Можеш да си ги замислиш сите детали од изминатиот момент, но неможеш повторно да го почувствуваш истиот.”

За Костовска во нејзиниот ракопис “Бескраен поглед” мислата е негувателка на срцето и амајлија и ѕвезда водилка – кога си со љубовта обземен, љубовта објаснува се како во нејзината мудрост:

“Љубовта е решение, затоа решението нека биде љубов.”

“Моментот кога почнуваш да мислиш дека ја разбираш љубовта, е моментот кога не ја чувствуваш повеќе.”

Ракописот наметнува  на читателот еден бескраен поглед кон светот ослободен од предрасуди и секакви ограничувачки и дискриминаторски сфаќања  кои му понудуваат на читателот широка лепеза на слики со хармонија и лирика, пораки проткаени со сите пороци на човекот, неговото време и неговата судбина. Магичните цртички на кратките прозни текстови се впечатливи и  непрестанати пулсации на космичкиот немир како двигател на создавањето меѓу менливото и вечното. Чиниш се сака да бега од се побрзиот од на секојдневниот живот.

Предочувајќи го она што го наметнува како творечки придонес ракописот “Бескраен поглед” од Ана Костовска, сметам дека издавањето на оваа книга е едно достоинствено доживување на читателот.

Автор на рецензијата: М-р Љерка Тот Наумова

А, сега оставете ни коментар овде, кажете зошто сакате да ја добиете оваа збирка како подарок, а потоа iLike.mk и Ана Костовска на тројца од Вас ќе им ја подарат оваа збирка.

Добитнички на збирката се: Ana Janeva, Tamara Petrovska, Aleksandra Tikova . Наградата може да си ја подигнете во бутикот „Стил“ кој се наоѓа во близина на Рамстор (спроти Тутунска банка).
При подигнувањето на книгата доволно е да кажете дека сте добитничка на книгата преку iLike.mk.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




4 Коментари

  • Ana Janeva вели:

    Многу пријатели ми имаат кажувано за оваа прекрасна збирка и навистина би сакала да ја прочитам и да побегнам малку во светот на писателката .

  • Tamara Petrovska вели:

    Koga ja procitav statijata knigata mnogu me zainteresira.Se nadevam deka ke imam moznost da ja dobijam i da ja procitam :)

  • Aleksandra Tikova вели:

    Bi sakala da ja krasi mojata domasna bilblioteka ovaa prekrasna zbirka, se nadevam deka ke ja dobijam.
    Bi bla presrekna koga bi ja dobila.
    P.S. Izraduvajte me ! :)

  • Маја вели:

    Сакам книга!

Напиши одговор на Ana Janeva Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>