Top

11 минути

Некои книги ни помагаат да мечтаеме, други нè потсетуваат на стварноста, но ниту една не може да го избегне она што е најсуштествено за еден автор: искреноста со која пишува.

Што е интересното тука? Фактот, што оваа книга е напишана од маж, а во неа се пишува за сексот како го доживува една жена, љубовта, страста, што ја одликува оваа книга како еротска. Таа жена е Марија од Бразил, која заминува во Швајцарија со надеж дека ќе заработи пари, како танчерка, но всушност станува проститутка. Во детали се опишани нејзините доживувања тука, но она што е идеја на книгата е искрената љубов. Таа е извор на страдањата, но не е прифатено ропство. Слободата постои само кога се има и љубов.

Вистинското доживување на љубовта е: да се има најскапоценото нешто на светот, без да се поседува.

Дали Марија ќе ја најде својата љубов? Дали тоа може да ги избрише нејзините лоши спомени и сите неморални дела на кои била принудена за да преживее? Ќе откриете сами и оставам на Вас откриете зошто насловот на книгата е ” Единаесет минути”. Јас како девојка, додека ја читав книгата се сомневав, дали навистина е напишана од Пауло Коелјо, дали навистина е напишана од маж? Што мислите Вие, ќе кажете откако ќе ја прочитате.

Статијата ја напиша: Симона Давкова | Извор: sakamknigi.mk

Facebook FAN page




2 Коментари

  • Naumce Trajcevski вели:

    11 minuti e edno interesno dozivuvajne koe Paulo Koejlo go pretocil vo roman………ona sto sakam da go potvrdam e deka nema potreba za somnez dali e napisana od maz,zatoa sto navistina mazite tesko gi razbiraat zenite,no so sigurnost ja razbiraat lubovta,a taa e podednakvo ista i za dvata pola

  • Ivana Stevkovic вели:

    NEMA poubav roman od 11 minuti mozam da kazam deka bez somnenie e napisano od mazh mazhite imaat duri i pogolemi cuvstva od zhenite samo gi krijat :) blagodarnost do Paulo Koejlo sto ni ovozmozi da procitame vakvo nesto !

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *