Top
55906220656487_f_0017b5

Импресивни портрети на неколку претставници од номадското племе Масаи

Масаи е народ од источно-суданското семејство на народи, гранка на Нилотите. Приближно 300.000 припадници на народот Масаи живеат во Кенија и Танзанија. Повеќето од нив живеат традиционален начин на живот и одгледуваат стока.

Племето Масаи е полу-номадски народ, верен на својата традиција. Ако во местото на живеење се случат големи несреќи, тие веднаш се селат од таму. Мажите се сметаат себеси за воини, носат долго копје и долга коса која ја фарбаат црвена. На свечености, се мачкаат по лицето со црвени бои. Жените сосема спротивно од нив, ја бричат главата и воопшто немаат коса.

Мажите изработуваат накит од мониста и се китат со него. Жените носат раскошни ѓердани од бисери, а бројот и боите на бисерите покажуваат дали жената е мажена и колку деца има. Бисерите, исто така, покажуваат колку богата.

Останатите домородни племиња не ги сакаат луѓето од племето Масаи, ги сметаат за нецивилизирани, но за туристите најчесто се атракција. Масаите говорат Маа јазик кој припаѓа на групата нило-сахарски јазици.

Традиционалната Масаи религија е монотеистичка. Мал број од народот Масаи се школувани и најчесто школуваните не остануваат во Масаи заедницата, туку си ја бараат среќата на друго место. Живеат во мали колиби. Најчесто се сточари и главно јадење им е месото од закланите животни. Традиција е да ја пијат крвта од животното што го заклале, а традицијата налага мажите и жените да не јадат заедно. Жените не смеат дури ни да ја допрат храната која треба да ја јаде Масаи воинот, и единствено нешто што жената може да го направи за својот сопруг е да му свари чај.

Кај нив преовладува полигамијата. Се женат според своите, а не според државните правила, и најчесто немаат никакви документи. Женските деца ги мажат рано, најчесто ги даваат како втора, трета или четврта жена на некој многу постар од неа Масаи воин. За мажите важи правилото – првото свое дете се дава на својата мајка, кое треба да ѝ служи како слуга.

Одличните фотографии се дело на Lee Howell.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>