Top

Удобно катче за вашето милениче

Оние кои имаат милениче во домот, во прв момент сигурно се соочиле со проблемот на одделување физички простор за истото, место кое ќе биде само негово, каде ќе јаде и спие. И додека мачките полесно се прилагодуваат, наоѓајќи си секогаш некој дел од просторот каде во тој момент сака да стои, спие и слично, кучињата се територијални животни, чии потреби за сопствено катче се поголеми од природата на мачката. Затоа, без разлика дали кучето живее во склоп на вашиот стан, куќа или пак во вашиот двор, секогаш прво нешто што треба да направите е да му обезбедите простор каде во секој момент може отиде, да јаде, да се напие водичка, да легне и да спие. Тоа може да биде едноставна перничка на подот во дневниот престој или скромна куќарка во дворот, а доколку ја однесете имагинацијата малку подалеку можете да го интерполирате миленичето и неговото катче во дизајнот на вашиот дом и дворното место. Еве неколку интересни идеи.



Многу често луѓето одат предалеку во своите обиди да им угодат на своите миленичиња, па одделуваат специјално дизајнирани соби, им градат грандиозни зданија, кои во ниеден момент не би помислиле дека се куќарки за животни, им купуваат брендирана облека итн. До кој степен би го разгалиле вие вашето милениче?

Автор: Вања Кочовска

Сакате да објавите статија на iLike.mk? Пишете ни на contact@ilike.mk.

Станете наш facebook фан.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>