Младиот македонски дизајнер Иван Дургутовски создаде мошне впечатлива рекламна кампања за реномираниот хрватски бренд „Краш“. Кампањата носи слоган „I have a Kraš on you“, каде англискиот термин „crush“ е заменет со добропознатото лого на „Краш“. Талентираниот дизајнер овој слоган го создал сосема случајно, а благодарение на социјалните мрежи, симпатичната идеја дошла до челните луѓе во „Краш“, по што тие веднаш го ангажирале Иван.
Целата кампања кулминирала со специјални изненадувања на Денот на заљубените во „Avenue Mall“, во центарот на Загреб.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!