Тој е еден од првите наши дизајнери што му даде урбан и секојдневен дух на плексигласот создавајќи авангардни парчиња накит за модерни девојки и момчиња. Минатиот месец, по две години пауза, Горан Сиџимовски под етикетата Flamboyant ја претстави својата нова колекција во промо-центарот “Паблик рум” во Скопје. Вели дека направил пауза бидејќи не е од оние дизајнери што задолжително вадат колекција секоја сезона.
Во меѓувреме тој изработуваше накит за некои проекти, како видеоспотот на бендот Беј д фиш за песната “French Cheese”, за филмскиот омнибус “D’Skopje” на Борјан Зафировски и друго.
Kреации на дизајнерот за накит Горан Сиџимовски деновиве се ставени на продажба во шоу – румот “Точка” во Софија, Бугарија.
Накитот е во продажба од денеска, има интерес, а бугарските медиуми веќе почнаа да објавуваат за тоа. Соработката со “Точка” настана преку македонските креатори Бојан Петрушевски и Јелена Kесиќ, кои во рамките на својот бренд “Нула” работат во Софија.
За почеток ќе бидат презентирани 12 модели од новата колекција на дизајнерот. Тој планира по Скопје (“Драма”) и по Софија моделите да се најдат и на српскиот пазар. Во просторот “Точка”, чии основачи се Антонија Пашова и Ана Шопова, се продаваат модели од нивниот истоимен бренд и од повеќе млади креатори од регионот.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!
Ужас ! Ужте малку и кутии ќе носиме..
Mi lichi na Madona