Top

Урбан плексиглас за смели жени

По две години пауза, Горан Сиџимовски под етикетата Flamboyant ја промовира својата нова колекција на накит од плексиглас, комбиниран со бисери. Негова муза во реализација на колекцијата е македонската актерка Билјана Танески.



Тој е еден од првите наши дизајнери што му даде урбан и секојдневен дух на плексигласот создавајќи авангардни парчиња накит за модерни девојки и момчиња. Минатиот месец, по две години пауза, Горан Сиџимовски под етикетата Flamboyant ја претстави својата нова колекција во промо-центарот “Паблик рум” во Скопје. Вели дека направил пауза бидејќи не е од оние дизајнери што задолжително вадат колекција секоја сезона.
Во меѓувреме тој изработуваше накит за некои проекти, како видеоспотот на бендот Беј д фиш за песната “French Cheese”, за филмскиот омнибус “D’Skopje” на Борјан Зафировски и друго.

Kреации на дизајнерот за накит Горан Сиџимовски деновиве се ставени на продажба во шоу – румот “Точка” во Софија, Бугарија.

Накитот е во продажба од денеска, има интерес, а бугарските медиуми веќе почнаа да објавуваат за тоа. Соработката со “Точка” настана преку македонските креатори Бојан Петрушевски и Јелена Kесиќ, кои во рамките на својот бренд “Нула” работат во Софија.

За почеток ќе бидат презентирани 12 модели од новата колекција на дизајнерот. Тој планира по Скопје (“Драма”) и по Софија моделите да се најдат и на српскиот пазар. Во просторот “Точка”, чии основачи се Антонија Пашова и Ана Шопова, се продаваат модели од нивниот истоимен бренд и од повеќе млади креатори од регионот.

Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Станете наш facebook фан.




2 Коментари

Напиши одговор на Драгана Стојманоска Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>