Top

Audi лансира супер-јахта: TRIMARAN

Audi го презентираше концептот за својата нова супер-јахта, кој го изработи тим од креативни луѓе при германскиот технички факултет менторирани од Stefanie Behringer. Префинетата јахта претставува спој на стил, моќ и најнова технологија.

TRIMARAN ќе биде долг 15 метри, широк 6.8 метри, а со него ќе имаат можност да патуваат 12 луѓе. Поседува двоен пилот-систем за навигација и ќе го движат два моќни мотора доволни да развијат брзина од 8 јазли. На неговата лева и десна страна се наоѓаат два мали водни скутера кои се проектирани да развиваат брзина од 30 јазли.

Дизајнот на TRIMARAN во целост одговара на Ауди – прогресивен, моќен, софистициран и спортски. Можеби најкарактеристичната точка за овој модел е огромниот панорамски сончев кров.



Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.

Facebook FAN page




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *