Фасцинантниот проект „Дрвена колиба“ е дело на креативниот тим на архитектонското студио „OFIS“, а под менторство на Рок Оман од Хардвард. Идејата почнала да се развива минатата година, а учество во проектот зеле 13 млади архитекти кои развиле 20-тина предлози за тоа како треба да изгледа објектот. Колибата е сместена во тешко достапните делови на словенечкиот дел од Алпите. Формата на објектот е инспирирана од традиционалната словенечка архитектура.
Идејата на колибата е да послужи како скривалиште за планинарите при екстремни временски услови.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!