„True Soul of a Lawyer“ е прекрасен, динамичен и мошне свеж апартман кој се наоѓа во Рим, а негов сопственик е еден млад адвокат. Архитектот Маурицио Џованони имал интересна и одговорна задача. Имено, тој требал да го уреди просторот во духот на безгрижните и сончеви денови кои младиот адвокат ги минал во неговото родно Соренто.
Во целиот стан провејува една артистичка нота, а највпечатлива е убавата жолта боја на ѕидот кој физички ја одделува собата за дневен престој од малата кујна. На ѕидот зад троседот се наоѓа тапет со омилените џез артисти на адвокатот, а веројатно најшармантен момент е преубавата полица за книги.
Станот се протега на површина од само 48 метри квадратни, но е тактички уреден за да изгледа многу поголем.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!