Архитектонското студио „Chris Dyson“ има одличен пример за реадаптација на простор и функција на истиот. Имено, убавиот апартман кој имате можност да го видите бил магацин на една фирма од Лондон, а се наоѓа во периферниот дел на оваа метропола. Пред извесно време креативниот тим на архитектонското студио успеал да реализира преубав и урбан апартман со многу шарм, за кој во голема мера се заслужни т.н. цигански тули кои се задржани од магацинот. Дополнителен шарм на просторот му даваат големата зелена гарнитура изработена од еко-кожа и внимателно избраните расветни тела.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!