Ова мало станче се наоѓа во предградието на Стокхолм, Шведска. Неговата големина изнесува само 40 метри квадратни, но благодарение на доминацијата на бели површини (ѕидови и под) изгледа мошне поголем. Уреден е во популарниот скандинавски стил – минималистички, со игра на бела и црна боја, елементи изработени од светол даб и само неколку шарени додатоци кои му даваат шарм на просторот. Во него, секое парче мебел е внимателно одбрано, расветните тела соодветно поставени, а чергите во собата за дневен престој даваат топол амбиент.
Според неколку сајтови за ентериер и дизајн, овој стан спаѓа во најубаво уредените мали станови за 2013 година.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!