Камен темелникот на фасцинантната катедрала Саграда Фамилија (Света Фамилија), која се наоѓа во Барселона, е поставен уште во далечната 1882 година. Таа требала да претставува врв во кариерата на познатиот шпанскиот архитект Антонио Гауди кој несреќно починал во 1926 година. Цели 87 години подоцна базиликата е далеку од нејзиниот финален изглед. Главна причина за спората реализација е ненадејниот пожар кој избувнал во 1936 година, во кој биле изгубени голем дел од нацртите и плановите на Гауди. Оттогаш девет светски познати архитекти се обиделе да го завршат ова врвно архитектонско дело, но ниеден од нив не успеал во намерата да го доведе до совршенство. Според најавите, катедралата ќе биде готова кон првата половина од 2026 година и ќе биде висока 172 метри.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!