Овој прекрасен дом се наоѓа во градот Мурманкс, Русија. Зад одличниот концепт стои искусниот архитект Денис Красиков. Станува збор за нетипичен скандинавски стил на уредување, кој отскокнува од шаблоните. Просторот е отворен и светол благодарение на големите прозори и високиот плафон.
Одличен визуелен ефект е постигнат преку контрастот на белате ѕидови со сивите тонови на мебелот, како и темниот дрвен под. Поговорките на ѕидовите, иако во црно-бели нијанси, ја дополнуваат атмосферата и на домот му даваат уникатен печат. Во секоја просторија е поставен по некој детал во сина и маскирно зелена боја со цел да се разигра амбиентот и да се избегне монохроматски впечаток. Се чини дека главен фокус е ставен на кујната која е одлично решена. На прв поглед делува индустриски и ладно, но сепак е домашна и мошне функционална. Осветлувањето во спалната соба и бањата е интересно и впечатливо.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!