Младата брачна двојка, Венета Николова и Димитар Караниколов, после неколкугодишна работа во Лондон решила да се врати во својот роден град Софија и да основа свој дом. Тие неколку месеци биле во потрага по идеалното семејно катче, па така го нашле ова поткровје во една новоизградена зграда лоцирана во периферијата на Софија, Бугарија.
Просторот го опремувале сами и тоа цели две години бидејќи сакале секој сантиметар од него да биде испланиран според нивните желби и потреби. „Поткровје 9Б“ е модерно уреден простор со интересни винтиџ елементи кои му даваат дополнителен шарм и прекрасна тераса.
Инаку, Венета е дизајнер по професија, а нејзиниот партнер е архитект.
Погледнете го проектот за „Поткровје 9Б“.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!