Дали можете да замислите да живеете во стан од само 22 метри квадратни, а притоа да бидат задоволени сите ваши потреби?! Младата архитектка Елена Фатеева успеала да создаде компактен и мошне функционален простор искористувајќи го секој сантиметар од овој мини стан кој се наоѓа во Киев, Украина. Во просторот се застапени светли бои, најмногу белата. Подот е изработен од ламинат од избелен даб, кујната и плакарите се целосно бели направени од медијапан со висок сјај, а клуб-столчињата и масата под прозорите му даваат посебен шарм на станот. Балконот со портокалови столчиња е одлично место за релаксација, а пак бањата е мала, но одлично решена.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!