Top
apartment-in-paris-iLike-mk-F

Мал светол стан за млад брачен пар

Овој мал, но мошне шармантен стан се наоѓа во периферијата на Париз. Ентериерното решение било доверено на француската архитектка Татјана Никол, која станот го замислила како простор идеален за млад брачен пар, кој во целост ќе ги задоволи нивните потреби. При уредувањето, таа го следи класичниот скандинавски стил – модерен мебел, декоративни елементи и светли бои.

Татјана дала особено важност на собата за дневен престој, во која поместила убава и голема светла гарнитура во комбинација со клуб масичка, потоа голема трпезариска маса одлично усогласена со популарните Ајфелови столчиња и елегантни трпезариски лустери, а во продолжение има мала и ненаметлива кујна во сиви тонови.

Архитектката за подот избрала ламинатен под од белен даб, а плафонските греди ги бојадисала со бела боја со што постигнала визуелно поголем простор. Таа поставила врати само таму каде што е неопходно, а дневната ја одделила од спалната со една убава библиотека.

apartment-in-paris-1-960x641

apartment-in-paris-3-960x641

apartment-in-paris-4-960x641

apartment-in-paris-6-960x641

apartment-in-paris-7

apartment-in-paris-8-960x641

apartment-in-paris-10-684x1024

apartment-in-paris-11-960x641

apartment-in-paris-12




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *