Ова станче дефинитивно ќе ги освои срцата на оние кои преферираат пастелни и ненаметливи бои, како и минималистички стил на уредување. 60-квадратниот стан се наоѓа во периферијата на Москва, а ентериерното решение го потпишува младата архитектка Александра Федорова од Русија. Во просторот доминираат три бои: капучино, нијанси на сива и бела. Нијансите на капучино се најзастапени и истите оддаваат чувство на смиреност и ненаметливост, додека пак, темниот бродски под доловува одличен контраст. Собата за дневен престој и спалната соба се одделени само со стакло, но големите бели завеси ја обезбедуваат потребната приватност.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!