Куќата од соништата постои! Оваа преубава куќа или како што ја нарекуваат нејзините газди „Магична колиба“ се наоѓа во градот Хлевци, во близина на убавите борови шуми и миризливите полиња со лаванда на Рамна Гора. Градот Хлевци е на оддалеченост од 100 километри од Загреб и на некои 40 километри од топлите морски води. „Магичната колиба“ колиба е изработена од природен камен и дрво, а нејзината големина изнесува 200 метри квадратни. Во неа можат да престојуваат осум луѓе. Во собата за дневен престој има камин, а на првиот спрат подно греење. Големиот и романтично осветлен базен нуди незаборавни ноќни капења во текот на летните месеци.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!