„Le Petit Palais“ се наоѓа на Француските Алпи, во непосредна близина на една од најдобрите скијачки патеки.
Во склоп на „Малата палата“ има голема и убаво уредена соба за дневен престој, неколку спални соби со одделни бањи, голем базен со сауна и мини-спа, теретана, салон за убавина, винарија со бар во кој се служат висококвалитетни француски вина, но и одлично опремена дискотека.
Нејзината вкупна површина изнесува 1.700 метри квадратни, проектирани за задоволување на потребите на 15 луѓе.
За нејзина реализација биле потрошени неверојатни 60 милиони евра, а сопствениците ја издаваат за 100.000 до 240.000 евра неделно, во зависност од сезоната. Во цената е вклучен личен готвач и стилист.
Дефинитивно, оваа вила ги поместува границите кои го дефинираат луксузот.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!