Top

Куќа бр.6

“House 6″ од бразилското Studio mk27 е резиденција за домување во Сан Паоло, која го реинтерпретира традиционалниот простор на веранда. Како композиција од два волумени еден врз друг, новата надворешна веранда,е поставена вертикално од местото за живеење, наместо по неговата должина,преку што се поврзуваат двата простора во центарот (како осовина). Потпрен на ред столбови, горниот волумен овозможува покриена надворешена површина за долниот простор. На оваа отворена површина се наоѓа простор за јадење, салон со места за седење, а продолжува во кујна и бар. Поставен е камен ѕид, кој не е по целата висина, но овозможува одделување од другиот,целосно отворен простор. Визуелно, оваа веранда има добро воспоставен однос со базенот и градината надвор.



Автор: Мила Габунија




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>