Токму поради потребите на ова семејство е избран ваков тип на простор. Тоа е поранешен магацин, а тие сите се одликуват со простран, и отворен простор. На приземјето е гаражниот простор, од каде преку скали се доаѓа до катот, каде главно место во просторот за дневен престој го завзема кујната. Целиот дневен престој има големи стаклени отвори, што овозможува доволно количество на светлина.
Во целиот овој отворен простор архитектите имплементираат еден елемент каде го сместуваат приватниот простор, односно родителската спална заедно со бања. Поради доволната висина на просторот, над овој елемент се развива галериски простор, до кој се пристапува со благо наклонети скали, каде е сместен просторот за игра и одмор на децата. Со тоа иако визуелно одделен, целиот простор е поврзан, а целото семејство може заедно да ужива во извршувањето на своите обврски.
Просторот изобилува со едноставност но истовремено и софистицираност. Белата боја која изобилува во просторот има смирувачки ефект, а монотоноста е избегната со целосното бојадисување на додатните простории во јаки, пастелни бои.
Со оглед на тоа дека првичната намена на овој простор не била наменета за живеење, сите ѕидови како и кровната конструкција се обложени со 10cm уретанска пена, за задоволување на изолациските потреби.
Кликнете ТУКА за да ги погледнете нашите денешни содржини.
Станете наш facebook фан.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!