Top
Domos Elqui

Необичен астрономски хотел во Чиле

Овој интересен хотел, „Domos Elqui“, се наоѓа во северниот дел на Чиле, а неговата изградба е завршена во февруари 2005 година. Поточно, сместен е во долината Писко Елкуи која важи за еден од светските локалитети од каде најдобро се набљудуваат небото и ѕвездите, пред сè поради исклучително чистата атмосфера.

Станува збор за седум одделни сферести апартмани кои на гостите им овозможуваат целосно уживање во благодетите на мајката природа. Секој апартман има два ката. На првиот кат се наоѓаат собата за дневен престој и бањата, додека пак, на вториот се сместени спалните соби. Во ниеден апартман не е поставен телевизиски приемник. Неодамна, во склоп на хотелот, Светската астрономска опсерваторија исталираше специјални Шмит телескопи со што хотелот стана вистинска атракција.

Освен набљудување на ѕвездите, персоналот на хотелот организира планински велосипедизам, јавање коњи и посети на околните ниви со лозје и винарии.

Domos Elqui

Domos Elqui

Domos Elqui

Domos Elqui

Domos Elqui

Domos Elqui

Domos Elqui




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>