Данското архитектонско студио „COBE“ подигна градинка за деца целосно изработена од еколошки материјали, а најзастапени се дрвените површини. Објектот е карактеристичен по своите сводести форми, како и по големиот двор опремен со елементи кои нудат забава на дечињата. Детската градинка е лоцирана во централниот дел на Копенхаген.
Изградбата на градинката траела цели 4 години, а во 2012 година проектот се закитил со приматот „Најдобро архитектонско дело во Данска“.
Во истата може да се сместат деца до 6 годишна возраст, а максималниот капацитет изнесува 160 дечиња.
Ѕирнете во внатрешноста на оваа нова приватна градинка, во која преовладува белата боја.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!