„СКАД“ е факултет за уметност и дизајн кој се наоѓа во селото Лакост, Франција. Според последните рангирања, таму студентите уживаат во најубавиот студенстки дом во светски рамки. Всушност, домот претставува една прекрасна реставрирана куќа која датира од 16-тиот век. Секој нејзин прозорец овозможува глетка кон долината Луберон, собите се уредни и опремени со модерен мебел, а на приземјето има класично француско кафуле. Во дворот се наоѓаат дрвени маси и солчиња, а има и базен.
Овие студенти уживаат во истиот амбиент во кој некогаш твореле Ван Гог, Пол Сезан и Реноар.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!