Top

Еко-куќа за тотално уживање

Оваа еко – пријателска куќа која се наоѓа на плажа од “Robles Arquitectos” го конвертира типичниот дом на плажа во лекција за еко – архитектура. Оваа извонредна локација – Полуостровот Де Оса во Коста Рика, за која се тврди дека претставува 5% од светскиот биодиверзитет – инспирираше пристап кон новиот дизајн, конструкција и живот во еко – пријателските куќи. Овој дом е дел од иницијативата на ISEAM (Institute of  Sustainability, Ecology,Art, Mind and Investigation) чие главно седиште, „(не)случајно“ се наоѓа на овој рид, густо населен со палми. Главниот спрат претставува јавно место,за истражувања, медитација, тренирање и јога, додека горните простории претставуваат седиште на директорот на овој институт. Бесконечниот поглед на плажа ги намамил архитектите да постават многу балкони, стаклени ѕидови кои се лизгаат и многу надворешни простори за забава, заматувајќи ја границата помеѓу внатрешното и надворешното.
Во дизајнот на оваа еко куќа, архитектонската фирма ја стави во употреба нивната теорија за архитектура која ја заштитува животната средина, еволуирајќи 10 фактори, вклучувајќи ја климата, енергијата, водата, материјалите, природата, атмосферата, цената, иновацијата и пасивните методи на дизајн и конструкција. Оваа куќа, која се наоѓа на околу 30-тина минути од најблискиот град, е 100% само-доволна, со што докажува дека е возможно да се живее надвор од „мрежата“ со некои од најстилските и најлуксузни домови таму.



Автор: Мила Габунија


Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>