На една мала уличка во преубавата Ријека неодамна беше отворено симпатичното кафуле „Дневна соба“. Самото име совршено ја опишува идејата за неговото постоење, како и концептот.
Младиот брачен пар, Мартина и Марко Рогиќ, двајцата адвокати по професија, конечно отвориле простор за кој што одамна сонувале. Пријатен амбиент со внимателно одбрана музика, стотици симпатични детали и огромни полици полни книги. Местото зрачи со топлина и мир, и е одличен простор за љубителите на вкусно кафе и убавиот пишан збор.
Покрај тоа, во „Дневна соба“ се проектираат и куси филмови, а за многу кусо време ќе почнат да се одржуваат и различни настани и предавања од различни облести.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!