Top

Бела куќа

Интернационалната фирма C18 Architekten целосно ја дизајнираше белата модерна архитектонска резиденција која се наоѓа во Германија. Името на домот “Haus mit Atelier” всушност значи „куќа и студио“, термин кој Ви дава идеја за тоа што да очекувате во внатрешноста, како на пример белите ѕидови кои се најзастапни во традиционалните студија.
Интересен дел од дизајнот на оваа куќа се огромните завеси кои што се видливи на фасадата.
Тие можат да бидат отворени или затворени, со што се создава приватен или јавен простор по желба на домаќините. Освен тоа,  завесите го контролираат и природното загревање, ладење и ефектите
од дневната светлина во релација со  природата на куќата која ја опкружува.

Куќата има два базена. Едниот е потесен со помала длабочина, додека другиот е поголем во чиј средишен дел се наоѓа острово со природно дрво.

Во внатрешноста на домот има модерна гарнитура и опрема.
Кујната и трпезаријата во оваа куќа се со бар-стил за седење.

Поголемиот дел од ентериерот е бел, како и самата надворешност, со исклучок на некои дрвени дополнувања и неколку колоритни ѕидови.

Автор: Мила Габунија




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>