Top

Викенд хороскоп (31.03.2018 – 01.04.2018)

horoskop-625-200

ОВЕН
Чувствата ви се разбранувани, но сепак сте во состојба да се изборите со секој проблем. Во семејството ќе има малку подобро расположение од вчера. Здравјето и понатаму ви е чувствително.

БИК
Денеска пристигнуваат вести поврзани за парите, па од рано утро ќе бидете со добра волја. Во односот со колегите не заобиколувате, ниту избирате зборови, туку сте многу директни. На некои тоа нема да им се допадне.

БЛИЗНАЦИ
Случувањата во семејството ги сфаќате како пресвртница, но не дозволувајте тоа да ви ја одвлече енергијата. Насочете се на позитивни работи и нема да има тешкотии. На пријателите им пречи вашето однесување.

РАК
Партнерот е посветен на работата, но тоа не ви пречи. Сега и вашите амбиции се поголеми, па донесовте одлука да се насочите на кариерата. Можно е да изостане неговата поддршка. Здравјето е солидно.

ЛАВ
Од сега вртите нов лист и максимално се посветувате на работата. Доста беше авантуризам. Време е да станете сериозни. Финансиската ситуација не ви е блескава, но со помали маки ќе ги надминете пречките.

ДЕВИЦА
Наредните денови бидете внимателни со сообраќајот. Можни се помали повреди како набивање или расеченици во пределот на главата. Избегнувајте да возите или да одите некаде каде што е слаба видливоста.

ТЕРЕЗИЈА
По помали емотивни падови, денеска ќе имате подобар однос со саканата личност. Ви претстои разговор, кој ќе се сведе на внимателно планирање на заедничките потфати, но и патувања.

СКОРПИЈА
Поради грижата околу се’ и сешто, често го менувате расположението. На ситуацијата гледате од негативна перспектива, иако немате вистинска причина. Со таков став нема далеку да дотуркате. Здравјето е чувствително.

СТРЕЛЕЦ
Внесувате премногу емоции кога станува збор за кариерата, па често се нервирате. Добро е што ја сакате својата работа, но потребно е да најдете средина. На емотивен план е стабилно. Здравјето е добро.

ЈАРЕЦ
Поради природата на работата почнувате повеќе да патувате и времето да го минувате надвор од работното место. Таквата промена годи, но проблемот е што вие работите и дополнителни работи, па времето за љубов е се’ пократко.

ВОДОЛИЈА
Многу брзо ќе ги намалите работните активности и ќе почнете со работи во куќата. Преуредувањето добро ќе ви дојде, а на помошта од партнерот можете секогаш да сметате. Здравјето е добро, ако се изземат главоболките.

РИБИ
Денеска ве очекува помала парична добивка преку партнерот. Износот ќе биде над вашите очекувања, па ќе можете многу побрзо да реализирате добар дел од плановите. Во семејството владее хармонија. Здравјето е добро.