Top

Хороскоп за сабота (22.04.2017)

horoskop-625-200


Овен
Определена ситуација ве тера да размислувате за својата супериорност. Бидејќи другите треба да го проценат тоа, побарајте совет. Во однос на работата ситуацијата се нормализира. Со интелектуална стабилност ги завршувате работите. Внимавајте да не се повредите. На партнерот му наоѓате стотина мани, но, сепак, не можете без него.

Бик
Проблемите се зголемуваат со неверојатна брзина. Оваа недела бара трпение. Деловната ситуација моментално не е баш одлична. Засега ќе мора да се задоволите со стандардната заработувачка. Внимавајте да не настинете. Врската со саканото лице овие денови може да доживее препородување.

Близнаци
Радоста ја делите со блиските лица. Ви се нудат нови деловни можности во врска со странство, за среќа, финансиската ситуација се подобрува. Доколку имате гинеколошки проблеми или проблеми со уринарните патишта, веднаш одете на лекар. Со партнерот остварувате врска од соништата.

Рак
Тешко уочувате во што грешите, а околностите укажуваат на тоа дека грешите многу. Исцрпени сте, па идната недела е поволна за собирање сила за нови работни задачи. Ве блокираат и ве оптоваруваат извесни работи. Мора многу посериозно да се однесувате спрема тој сегмент на животот.

Лав
Имате многу работа, а тоа бара трпение. Имате потреба за тимска работа, резултатите ќе бидат видливи ако се придржувате на правилата. Заморот е последица на напорниот и плодоносен труд, кој ви ја истроши енергијата. Некои и понатаму ја продолжуваат врската започната во минатото.

Девица
Внимавајте на неконтролираната исхрана. Во однос на ова прашање благо се олабавивте, не јадете меѓу оброците. Со партнерот сте во одлични односи. Врската е полна со романтични моменти и внимание. Занимавајте се со хоби, тоа може да ви биде од корист, направете подобро да функционирате.

Терезија
Се наоѓате во фаза на промени. Се уште не сте преминале од зборови на дела. Внимателно планирате што ќе правите во иднина. Се надевате на финансиски успех. На работа вешто манипулирате. Со минимален напор остварувате максимални резултати. Здравствената ситуација ја држите под контрола. Продолжете да земате витамини.

Скорпија
Секогаш имате малку пари, а за вас тоа е нормално. Често ве фаќа потрошувачка треска. Здравствената состојба ви е добра. Хиперактивни сте, па болките во нозете ве предупредуваат дека треба да го намалите темпото. Со партнерот сте во одлични односи. Слободните ги очекува нова врска, вклучете ја во игра интуицијата.

Стрелец
Работата бара дополнителен ангажман. Во прв план се креативните способности, па во нив наоѓате задоволство. Истовремено ја храните суетата. Стресовите се евидентни. Тие се главни движечки сили, се што е лошо има и добра страна. Романтична средба ви доаѓа во пресрет.

Јарец
Опседнати сте со работата и со подобрувањето на финансиската ситуација. Очекувате многу изненадувања. На здравствен план ќе имате нарушување на рамнотежата во организмот. Ви се препорачуваат повеќе прошетки. Многумина од вас ги нервира лежерното однесување на партнерот.

Водолија
Доаѓате до решенија кои порано не ви паѓаа на памет. Ви се препорачува да бидете претпазливи од манипулации и игри на работното место. Разни приказни се вртат околу вашето име. Давате непромислени изјави, па затоа и има последици. Немате време да се луксузирате и да ја трошите силата на ситуациите што се наметнуваат.

Риби
Благодарение на внатрешната хармонија, ве очекува одличен период. Проблеми може да имаат само оние што не ги разрешиле проблемите на вистински начин. Ако планиравте хируршка интервенција, обидете се да ја одложите на извесно време. Со партнерот доживувате одлични моменти.

Извор: Утрински