Top

Хороскоп за недела – 18 јуни 2017

horoskop-625-200


Овен
Бурата стивнува и вие се обидувате да се смирите. Доколку никој не го загрозува вашиот личен идентитет, ќе успеете во тоа. Лично, нема да бидете во ситуација да ги провоцирате другите, но затоа тие може да си поигруваат со вашето трпение. Доколку сте се опаметиле, нема да успеат, зашто до вас не допираат неоснованите обвинувања.

Бик
Многу припадници на знакот доживуваат незаборавни моменти со саканото лице. Се наоѓате во ситуација кога бујната фантазија и идеалистичките склоности ги прават настаните и луѓето поубави отколку што се. Кога ќе излезете од таа фаза, ќе ви биде тешко да се навикнете на реалноста. Додека трае – уживајте!

Близнаци
Доколку сте ги совладале пречките, може да очекувате нормален ден. Бидејќи сте глуви за совети отстрана, најдобро учите на сопствените грешки. Тие се болни, но барем ќе ги запаметите. Се обидувате да функционирате во партнерско-брачните односи, но имате впечаток дека не е се’ баш идеално: другата страна е посилна.

Рак
Би можело да се каже дека сте во елемент. Вредно работите, но резултатите се’ уште не се видливи, барем кога се парите во прашање. Затоа, како по обичај, ве фаќа паника. Што се однесува до сигурноста и стабилноста на нервниот систем, не грижете се – се’ е во најдобар ред. Движете се повеќе!

Лав
Лавовите продолжуваат со имиџот на љубовници во голем стил. Се трудите, иако спротивната страна ве има “прочитано”. Ќе бидете во ситуација да се возбудувате не само на планот на емотивните вредности, туку и за вредностите воопшто.

Девица
Вниманието им го подарувате на погрешни луѓе. Нешто чудно се случува со вас. Како да ве напуштил разумот, па им се препуштате на чувствата, кои моментално се погрешни. Нервниот систем е во криза. Се прашувате поради што ви се случуваат непредвидливи настани кога се’ имате испланирано. Па, тоа е животот!

Терезија
Свртени сте кон убавите нешта. Имаше застој на сите страни, но нешто ветува дека се’ убаво ќе се заврши. Деновиве можете да се надевате на поволен исход од еден исклучително важен настан. Проблемите наскоро ќе бидат далечно минато. Дотогаш обидете се да ги намалите издатоците. Тоа е лесно да се каже, но тешко да се направи.

Скорпија
Тамам кога помисливте дека сте ја уловиле жртвата, ништо од тоа. Мора да ја менувате јадицата, зашто нешто тука не штима. Стрпете се до летото, кога решението за емотивните недоразбирања ќе дојде само по себе. Не избрзувајте во меѓучовечките односи и во донесувањето одлуки во врска со партнерот.

Стрелец
Се’ е во знакот на деловните успеси, признанија и подобрување на материјалната ситуација. Полека се смирувате. Кога подобро ќе размислите, немате причина за нервоза. Тоа што не знаевте што да правите со себе, не е причина да гледате во една точка. Преземете нешто конкретно за недостижното да стане реалност. Вие го можете тоа!

Јарец
Благото опаѓање на имунитетот е една од причините за вирусната инфекција, која деновиве ги мачи некои Јарци. Можеби поради тоа сте непријатни, затворени и студени кон околината, особено кон партнерот? Понекогаш е пожелно отворено да се каже дека не ви се обраќа доволно внимание. Околината не е свесна за тоа. Одморајте се!

Водолија
Кај вас љубовта се случува спонтано, зашто умеете да уживате во неа. Партнерот прави се’ да се чувствувате фантастично. Веројатно нема да претера со нежностите, зашто можете да се најдете во незавидна ситуација. Ќе се чувствувате стеснето и ќе посакате да побегнете од кафезот, за подоцна да се вратите во него.

Риби
Морате сталожено да анализирате многу планови и задачи кои сте си ги задале себеси. Потсетникот е одлична работа. Бидејќи не ви годи да слушате музика и да водите празни разговори, може да се случи од сите понудени прилики да ја изберете најлошата – одложување. Тамам решивте да го смените пристапот кон работата, кога тоа…