Top

Викенд хороскоп (17.06.2017 – 18.06.2017)

horoskop-625-200


ОВЕН
Додворувањето на едно лице ќе стане се’ поинтензивно. Прашање е дали тоа ќе ве направи среќни. Немојте да бидете арогантни и каприциозни пред претпоставените. Внимавајте на здравјето. Разубавете си го денот и јавете му се на некое драго лице што моментално е далеку од вас.

БИК
Поради некоја причина ќе се повлечете од една врска и ќе ги оставите работите незавршени. Ако почнете нова работа, а претходно не сте ги создале потребните услови, ќе дојде до заплет. Ако сакате да го задржите здравјето, бидете внимателни во секој сегмент. Не ветувајте ништо!

БЛИЗНАЦИ
Ви недостасува мотивација за да се впуштите во еден љубовен однос. Бидете трпеливи, бидејќи и финансиската ситуација ќе бара повнимателен пристап. Трошете што помалку. Внимавајте на своето здравје и немојте да и’ се препуштате на судбината и случајноста.

РАК
Може да очекувате повеќе од она што моментално можете да го добиете. Потпрете се на советот на пријателите. Не преговарајте со лица што не се подготвени за тоа. Избегнувајте да влегувате во конфликтни ситуации. Организирајте некое вечерно излегување.

ЛАВ
Во ваша близина ќе се најде лице што ќе ви понуди многу смеа и забава. Ќе бидете расположени за креативно и оригинално творење. Имагинацијата постојано работи. Ќе се ослободите од некој телесен недостаток. Не создавајте му дополнителни нервози и главоболки на партнерот.

ДЕВИЦА
Ќе откриете дека едно лице е заинтересирано за вас и тоа ќе ве оптоварува. Сосема случајно ќе слушнете разговор што ќе ги одреди вашите натамошни планови. Вашите слаби точки ќе бидат забите и зглобовите. Не бидете груби со домашните и посветете им се целосно.

ТЕРЕЗИЈА
Посветете му повеќе време, нежност и радост на лицето што го сакате. Помалку мислете на себе. Во работата вистинските искушенија доаѓаат од страна на претпоставените. Бидете трпеливи и никој нема да ве задева. Посетете некој близок роднина.

СКОРПИЈА
Добивате понуди и покани од различни страни. Сите се’ повеќе ве бараат. Денот е соодветен за барање нови извори на заработувачка и докажување на личните способности. Потребна ви е промена на средината. Дистанцирајте се од оние што се полни со негативна енергија.

СТРЕЛЕЦ
Причините за некои случувања што често ви се повторуваат побарајте ги во своето најрано детство. Дружете се со оние што ви се посебно интересни и кои го заслужиле тоа. Што се однесува до здравјето, спречете го сушењето и стареењето на кожата. Не плашете се од минатото.

ЈАРЕЦ
Бидете попустливи кон оние што ги сакате. Ослободете се од емотивните стравови. Не се нервирајте непотребно. Само работете си ја својата работа. Следете ги советите на лекарот и немојте да се форсирате. Потрудете се барем само малку да имате самодоверба.

ВОДОЛИЈА
Некои проблеми што ве мачат во последно време денеска ќе ви се разјаснат. Бидете трпеливи и немојте да се истрчувате. Вистината ќе излезе на виделина. Бидете внимателни со исхраната и потрудете се повеќе да се движите. Денеска решете една загатка што ќе ви биде од животно значење.

РИБИ
Љубовната среќа ќе зависи од вашата подготвеност да тргнете во акција. Затоа немојте да чекате – тргнете! На работа некои идеи задржете ги за себе. Се’ уште не е време да им ги изнесете на претпоставените. Останете им доследни на своите идеи. Партнерот очекува посебно внимание, овозможете му.