Top

Викенд хороскоп (12.08.2017 – 13.08.2017)

horoskop-625-200

ОВЕН
Ви се случуваат работи за кои немате реално објаснување. Веројатно, заслужувате повеќе, па затоа сте незадоволни. Се наоѓате во заблуда. Ги помешавте работите: внесувате емоции таму каде што е потребен разум и обратно. Мора итно да се соземете.

БИК
Мислите еднострано: во право сте само вие, а на останатите им ги препишувате маните. Сте се запрашале ли за сопствената објективност? Со своето залагање остварувате завидливи резултати во друштвениот, политичкиот и научниот живот, а и во другите сегменти од животот.

БЛИЗНАЦИ
До сите работи доаѓате со голема мака. Немате мотивација за работа, а се соочувате и со здравствени проблеми. Препекувањата со некоја Водолија, Лав или Рак се уште една причина за вашето незадоволство. Подобро ќе се чувствувате во друштво, па затоа дружете се неделава повеќе.

РАК
Завршувате еден животен циклус и влегувате во нов. Кон крајот на неделава имате одлични шанси за успех . Ве очекува подобрување на ситуацијата што ќе резултира со собирање на плодовите. Без оглед на тоа што се чувствувате подобро, не претерувајте со активностите.

ЛАВ
Преплавени сте со чувства до таа мера што се граничи со патологија. Можеби имате нешто што се нарекува здрав разум?! Недоразбирањата со соработниците и стравовите врзани со работата ве загрижуваат, но кога ќе размислите подобро, глупаво е однапред да паничите.

ДЕВИЦА
Се наоѓате во фаза на нови планови и почетоци. Не се откажувате за ништо на светот. Упорни сте до максимум, се соочувате со некои принципи, но тоа не ве обесхрабрува. Ова е одличен период за вас. Што се однесува до љубовта, ќе ставите точка на нешто и ќе почнете во нов стил.

ТЕРЕЗИЈА
Внимавајте што зборувате, зашто оваа недела е лоша за комуникација. Одберете го молчењето. Не сте објективни во процената на деловната ситуација. Стартувате од далеку полоша позиција отколку што мислите. Бидете практични.

СКОРПИЈА
Некој константно го тренира вашето трпение. Ве фаќа блага паника, но не сте во право, зашто ситуацијата е повеќе од сигурна. Не трошете ја енергијата на беспотребни стравувања. Ова е одличен период доколку мислите на својата иднина.

СТРЕЛЕЦ
Фантастично се чувствувате, активни сте и комуникативни. Проблемот е во тоа што ги започнувате работите, но тешко ги приведувате кон крајот. Биковите или Близнаците не се за потценување. Обидете се да реализирате средба. Ќе ве израдува некаков телефонски повик.

ЈАРЕЦ
Практично сте ориентирани, а токму во таа насока одат сите работи оваа недела. Не оптоварувајте се со фантазиите. Вредно ги извршувате работите, си молчите и си работите. Резултатите се видливи, а промената на работното место – можна.

ВОДОЛИЈА
Се соочувате со проблеми на сите страни. Не очајувајте: може лесно да ги пребродите – потребна ви е организација комбинирана со тренинг. Не сте задоволни од работата и од меѓучовечките односи. Ги криете проблемите во себе, а со тоа само се напластуваат.

РИБИ
Окупирани сте со материјалните проекти и работа, така што сите други комбинации паѓаат во вода. Доколку добиете понуда за нова работа, нема потреба од двоумење – прифатете без да размислувате. Се наоѓате во фаза на подобрување на здравствената состојба.