Top

Неделен хороскоп (12.03.2018 – 18.03.2018)

horoskop-625-200

Овен
Поволен период за оние кои се занимаваат со право, филозофија или учење на странски јазици. Во овие области со минимален напор ќе постигнете максимални резултати. Иако сте практични, лесно запаѓате во ситуации што ја блокираат оваа ваша особина.

Бик
Проблемот е во тоа што не знаете што сакате кога се во прашање бракот и љубовта. Свртете се спрема уметноста и светот на фантазијата. Можеби таму ќе најдете нешто за себе. Реалноста не ветува многу, но, сепак, тоа е реалност. Доколку ги одложите емоциите и се свртите спрема работата и разумот, ќе имате успешен ден.

Близнаци
Решавате семејни и имотноправни проблеми. Потребата за сигурност од материјална природа моментално е нагласена. Несигурноста и нерасположението вешто го криете. Не сакате никој околу вас да создаде впечаток дека сте слаба и неуспешна личност.

Рак
Сфаќате дека единствено менувајќи го амбиентот можете со успех да закрепнете од стресот што го потиснувате. Планирајте патување. Сознанието дека на некои работи тешко можете да влијаете ве доведува до очај. Обидете се во друштво на ваши истомисленици да заборавите на проблемите.

Лав
Многу осамени Лавови конечно ќе ја сфатат предноста на животот и брачната заедница. Доколку не ги легализирале врските, еве можност. Ако овие неколку дена склопите брак, шансите да имате корист од таа врска се огромни. Се што се однесува на суд и потпишување договори е поволно овој период.

Девица
Влеговте во период кој е одличен за стекнување и материјални и духовни вредности. Некои ќе дадат предност на првите, но ќе има ситуации во кои на ексклузивен начин ќе ги трошите стекнатите материјални нешта. Во однос на прашањето за парите, одите од крајност во крајност.

Терезија
Моќта на концентрацијата е засилена, па искористете ја на вистинскиот начин. Работете работи за кои до вчера мислевте дека се невозможни. Успехот ќе дојде, а со самото тоа и задоволството. Нема ништо лошо во тоа да сте задоволни од самите себе. Партнерот ви задава маки.

Скорпија
И понатаму нижите успеси. Сакате околината да ве цени не само поради парите туку и за нешто повеќе. Мора да внимавате. Влеговте во поволен период во однос на прашањето за јавната работа, така што никогаш нема да останете незабележани. Опасноста е во вид на ароганција и препотентност.

Стрелец
Влеговте во нова работа, тука до израз доаѓаат вашите организаторски способности. На извесен начин и емотивно ќе се средите. Со своето задоволство влијаевте на семејните односи. Партнерот веќе подолго време има забелешки за вашето однесување.

Јарец
Полни сте со оптимизам придружен со силна волја да го завршите она што сте го започнале. Морате да ја коригирате зголемената доза егоизам, посебно во однос на партнерот. Зар не забележавте дека се обидува да се оттргне од вашата контрола, како што вие се оттргнувате од неговата.

Водолија
Работата и учењето се единствени сегменти од животот кои ги држите под контрола. За почеток не е лошо, наскоро ќе воспоставите хармонија со партнерот. Бидејќи тоа зависи само од вас, штом ќе се ослободите од обврските, свртете се спрема поубавата страна на животот.

Риби
Слободното време го поминувате во добро расположение, не сте свесни за себе и за своите вредности. Тоа ве држи, само прашање до кога? Успехот нема да изостане. Повеќето припадници на овој знак завршуваат со успех на одамна започнати проекти. Пред вас е нова љубов.