Top

Викенд хороскоп (08.06.2024 – 09.06.2024)

horoskop-625-200

Овен
Загрижени сте за судбината на едно женско лице. Се обидувате да му помогнете, но тешко успевате во тоа. Затоа чувствата кај вас во последно време ќе бидат пренагласени, ќе бидете повредени. Вината лежи во вас, во последно време сте многу невнимателни.

Бик
Работата што ја работите во последно време бара инспирација, но неа понекогаш ја нема. Бидејќи чувствувате потреба некој отстрана да ви помогне, ќе бидете многу разочарани ако не пристигне таа помош. Мора да се потпрете на себе, но и на саканото лице.

Близнаци
За релативно доброто расположение е заслужен партнерот. Тој успева да ве извлече од зачмаеноста. Независно дали станува збор за театарска претстава или за домашна седенка – убаво ќе се чувствувате. Обидете се да ги вербализирате чувствата.

Рак
Вознемирени сте и по малку незадоволни. Ни сами не знаете што е причината за вашето расположение, но го препознавате, бидејќи се повторува на определени периоди. Морате да бидете свесни дека некои работи зависат само од вас.

Лав
Моментално едно патување би можело да ве мрдне од мртвата точка и да ве извлече од секојдневната монотонија. Денот го поминувате некаде помеѓу сонот и јавето, реалноста и фантазијата. Не грижете се, патувања ќе има. Битно е да имате со кого да одите.

Девица
Иако немате опипливи резултати за среќа – добро се чувствувате. Камен ви падна од срце, бидејќи се наѕира крајот на непријатностите кои до скоро ве оптоваруваа. Трпеливи сте, бидејќи со оптимизам очекувате поволен исход од случувањата.

Терезија
Фантазирате и планирате. Мора да бидете поконкретни за да не се изгубите во илузии. Доаѓа време кога треба од зборови да се премине на дела. Вие со нетрпение очекувате. Со причина многу се надевате од извесна ситуација. Обрнете внимание на надворешните околности.

Скорпија
Состојбата не е променета во однос на вчерашниот ден. И понатаму се евидентни беспричински нервози и максимално трошење на силата на ситници. Бидејќи не се грижите многу околу здравјето, треба да почнете да внимавате.

Стрелец
Само делумно се трудите, и тоа во областите кои неизмерно ги сакате. Што се однесува до останатото, ја префрлате одговорноста на другите. Ако имате покрај себе некој што е подготвен да ги пополни празнините во вашиот живот, среќни сте. Во спротивно, мора да го најдете.

Јарец
Доброто расположение продолжува. Имате потреба да направите нешто за да го промените имиџот. Причина за незадоволство нема. Моментално во прв план се љубовната среќа и радосните вести од помладите домашни. Штом подобро се чувствувате, поубаво и изгледате.

Водолија
Проблеми на сите страни. Тамам мислите дека решивте еден, се јавува нов. Бидејќи важите за личност која умее да се избори, не грижете се, веќе сфаќате дека ситуацијата е неминовна и минлива. По темните облаци доаѓа сонце.

Риби
Изненадно случување ви го враќа оптимизмот. Веќе се обидовте да се откажете од се’, но ситуацијата почнува да ветува. Немојте по обичај веднаш да градите кули во облаци, туку активно фатете се во костец со проблемите. Ништо нема да ви падне од небо.