Top

Викенд хороскоп (04.05.2019 – 05.05.2019)

horoskop-625-200

Овен
Да не претерувате случајно со изливите на нежност и врзувањето на партнерот за себе? Бидејќи сте склони кон идеализирање, можете да увидите дека си создававте лажна претстава за саканото лице. Тоа многу често ви се случува, па разочарувањето може повторно да се случи.

Бик
Размислувате како да решите важен проблем. Иако сте подготвени да тргнете во акција, повеќе околности во тоа може да ви пречат. Станува збор за подложност кон вирусни инфекции и ослабен имунитет. Ги расфрлате силата и времето на споредни работи, фантазирате за невозможно.

Близнаци
Се возбудувате без потреба. Работите ќе ги направите, но со вложување многу енергија, така што кон крајот на денот може да се прашате дали тоа било неопходно? На емотивен план ситуацијата е непредвидлива. Планирате свршувачка или венчавка. Постои склоност кон брзо вљубување.

Рак
Вредни сте, расположени и истрајни. Позитивните особини се во прв план. Може да се рече дека сте идеални, но благата доза на посесивност и љубомора ви пречат во многу напори. Слободните моменти ги минувате со лица што ги сакате, партнерот, децата или со пријателите. Убаво ви е.

Лав
Пожелно е да ги намалите физичките активности и да почекате се’ да мине, посебно вашата истоштеност. Постојат работи што можете да ги извршувате, на пример, читањето. Бидејќи пасивно го минувате денот, ве очекуваат позитивни искуства врзани за патување или за истражување на духовните подрачја.

Девица
Се вооруживте со трпение, па не ви пречи бавниот прогрес. Се свртивте кон креативната работа и кон планирањето убави случувања, премногу убави за да бидат реални. Постои можност да одите на пат. Не очекувајте премногу од патот за да не се разочарате.

Терезија
Бидејќи разни содржини се пред вас, внимавате во тоа да не претерате. Обидете се да се дистанцирате од случувањата и да не се нервирате без потреба. Невнимателни сте, помалку расеани, а со самото тоа и склони кон повреди. Внимавајте.

Скорпија
Во фаза сте на преобразување, свесни дека морате да вложите напор и трпение за да го решите проблемот. Ништо не паѓа од небо, па и решението на вашиот проблем е тешко да се најде, потребно ви е многу енергија. Се’ ќе дојде на свое место.

Стрелец
Постигнувате огромен успех. Во посебно поволна позиција се наоѓаат припадниците на знакот што се занимаваат со проучување на филозофијата, уметноста и теологијата. Мора да се чувате од незгоди и изнудени одлуки. Доколку го зголемите вниманието, ризикот ќе го сведете на минимум.

Јарец
Мисловниот процес е засилен. Воочувањето најситни детали го решава проблемот. Во текот на денот се менуваат енергетските текови, од засилени бранови до бранови на истоштеност, така што се советува одмор. Слободното време минете го во релаксирана атмосфера.

Водолија
Доколку некој се обидува да ве исфрли од колосек, обидете се да го зачувате здравиот разум. Можни се деловни нервози и грижа врзана за домашните. Справете се со својата природа, што не е наједноставна. Свртете се кон работи од кои можете да имате корист. Пречувствителни сте.

Риби
Склоноста кон флерт е нагласена, па внимавајте. Скандалот е нешто што моментно најмалку ви е потребно. На духовно ниво постигнувате успеси, но на материјалната страна ништо не е како што треба. Можеби вие навистина не знаете да го регистрирате проблемот.